Рецепт на Рада од каналот Радине Послатице. ТИРОЛСКИ КОЛАЧ, лесен, кремаст и многу вкусен, ќе ве воодушеви по првиот залак. Многу е брз за подготовка, а морам да кажам дека од овој колач има неколку различни варијанти. Не знам кој е рецептот за оригиналниот, но јас го подготвувам вака и е многу вкусен.
Потребни состојки: 3 цели јајца, 7 жолчки, 100 г шеќер, 2 ќесички ванилин шеќер, 115 г брашно, половина ќесичка прашок за печиво. Други потребни состојки: 7 белки, 200 г шеќер, 100 г мелени лешници, 3 – 4 лажички мармалад или џем по избор, 250 мл слатка павлака и 2 тенки ливчиња желатин.
Подготовка на бисквитот: Одвојте ги седумте белки од жолчки, па во поголем сад ставете ги трите цели јајца, седумте жолчки, 100 г шеќер и 2 ќесички ванилин шеќер. Добро изматете во миксер додека формирате цврста маса, а потоа додајте 115 г брашно и половина лажичка прашок за печиво.
Добиената смеса треба да се прелие во најголемата тепсија која ја имате, а пред тоа врз тепсијата ставете хартија за печење, па врз неа добро распоредете ја смесата за бисквитот. Се остава малку настрана додека го подготвите белиот бисквит.
Подготовка на белиот бисквит: Во сад изматете ги седумте белки со 200 г шеќер. Добиената шлаг смеса поделете ја на еднакви три делови. Едната смеса ставете ја во специјална ќесичка за шлаг.
Е сега, пред вас ставете ја тепсијата со бисквитот и замислете си линија која ќе ви биде како граница дека ја делите смесата на половина. Едната половина се премачкува на средина со белиот шам, а другата половина се премачкува во две ленти, помеѓу кои треба да се гледа празнина односно да се гледа бисквитот.
Причината за ова е тоа што кога ќе се испече бисквитот и ќе се исече на половина, кората со една лента се става врз кората со две ленти така што шамот кој е на средина да се вклопи во празнината од другата бисквит кора.
Рерната претходно вклучете ја на 180 степени, да се загрее, а бисквитот печете го 15 – 20 минути. Кората треба добро да се излади, пред да се филува. Јас правам 2 фила кои се многу вкусни.
Едниот фил е шлаг од изматена слатка павлака која ја изматив додека се печеше бисквитот, а другиот фил го правам со мелени лешници и џем или мармалад по избор, каков имате дома. За филот со шлаг да биде што поцврст во него додајте 2 тенки листа желатин, а доколку имате во прав може да ставите и таков.
За другиот фил користев џем од малини. Во поголем сад додајте 3 – 4 лажици џем и додајте ги мелените лешници, па добро измешајте за да може полесно да се размачкува.
Поделете ја кората на два еднакви делови, а како основа користете ја кората со два дела шам. Превртете ја и извадете ја хартијата за печење, па вратете ја со двата шама одозгора. Одозгора премачкајте со филот од џем и лешници и добро распоредете.
Преку оваа кора додајте го изматениот шлаг, а оставете 1 – 2 лажици да имате за на крај. Добро измазнете го шлагот, па додајте ја и втората кора со шамот свртен кон средината, а рамниот дел премачкајте го со преостанатиот шлаг во тенок слој.
По желба одозгора наросете со мелени лешници или по избор. Колачот се става во фрижидер малку да излади, па се послужува со сечење на поголеми коцки. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.