ТИРАМИСУ ЗА 10 МИНУТИ…Без јајца, без маргарин, без вклучување на шпорет…Најбараниот летен десерт…Се топи во уста…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 мл слатка павлака,
500 г маскарпоне,
100 г шеќер во прав,
1 кесичка ванилин шеќер,
неколку капки лимонов сок,
250 мл ладно кафе,
малку амарето ликер (околу 40 мл),
околу 60 пишкоти,
какао за наросување одозгора
ПОСТАПКА:
1.Во варено и изладено кафе додајте амарето ликер. Слатката павлака изматете ја и постепено додавајте шеќер во прав, ванилин шеќер, маскарпоне и неколку капки лимонов сок.
2.Пишкотите натопувајте ги во кафето со ликер и распоредете ги на дното од тепсијата (калап или долгнавеста подлога), а потоа премачкајте со крем, па повторно пишкоти, крем и така натаму…
Најдобро е пишкотите да ви бидат во два до три реда, кремот е доволен.
3.Завршете со крем и одозгора посипете какао. Оставете преку ноќ да се стегне во фрижидер а пишкотите убаво да омекнат.
Следниот ден сладете се во овој прекрасно освежителен колач кој има подолг ролг на траење, бидејќи не содржи јајца. / sibinka / Сооlinarika.соm. Ако го сакате вкусот на нутела, прочитајте го следниот рецепт:
НУТЕЛА ТИРАМИСУ БЕЗ ЈАЈЦА…Најкремастиот чоколаден десерт готов за 10 минути…