Home Торта Тирамису торта со домашни кори – Елегантен десерт со италијански шмек

Тирамису торта со домашни кори – Елегантен десерт со италијански шмек

Тирамису торта со домашни кори – елегантен десерт со италијански шмек

Тирамису тортата со домашни кори е совршен спој на лесен бисквит, ароматична кафе-нота и богата, свиленкаста крем-текстура.

Оваа верзија на класичниот италијански десерт изгледа свечено, се подготвува со прецизна техника и е идеална за посебни пригоди, семејни прослави или кога сакате да оставите професионален впечаток со домашно подготвен десерт, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

🍰 Тирамису торта со домашни кори – кремаста класика што освојува на прв залак ☕

Потребни состојки

За кори
• 6 јајца
• 150 г шеќер во прав
• 70 г кристал шеќер
• 150 г брашно
• 50 г густин (скроб/нишесте)
• прстофат сол

За прелив на кори
• 250 мл силно црно кафе
• 1 ванилин шеќер
• 1 лажица арома од рум

За крем
• 4 жолчки
• 100 г шеќер во прав
• 500 г маскарпоне крем сирење
• 300 мл течна павлака за шлаг

За декорација
• какао во прав
• НМД

Начин на подготовка

Подготовка на корите
1. Раздвојте ги јајцата на белки и жолчки.
2. Во белките додајте прстофат сол и матете додека да добиете цврст снег.

3. Во жолчките додајте 150 г шеќер во прав и матете додека да побелат и да станат кремасти.

4. Постепено додајте брашно и густин, мешајќи полека и внимателно.

5. Додајте мал дел од снегот од белки и нежно соединете, а потоа постепено додајте го и остатокот, мешајќи со шпатула.

6. Смесата истурете ја во калап со пречник од 24 см, обложен со хартија за печење.

7. Печете во загреана рерна на 180°C околу 30 минути. Оставете целосно да се излади, па пресечете ја кората хоризонтално, да добиете 2 кори. За да бидат рамни двете кори, отстранете го врвот.

Прелив
• Во црното кафе сипете ванилин шеќер и додајте арома од рум. Промешајте и оставете настрана.

Крем
1. Во огноотпорен сад ставете добро изматени жолчки и шеќер во прав и гответе на пареа околу 10 минути, мешајќи постојано, додека да се згуснат.

2. Оставете ја смесата целосно да се излади.
3. Павлаката за шлаг кратко изматете до мека структура.

4. Во посебен сад ставете маскарпоне сирење, додајте ги изладените жолчки и кратко изматете.

5. На крај додајте го шлагот и нежно соединете додека да добиете мазен и воздушест крем.

Формирање на тортата
1. Кората рамномерно натопете ја со кафе-преливот.
2. Нанесете богат слој крем.
3. Повторете со втората кора и уште еден слој крем.
4. Одозгора посипете какао во прав.
5. Оставете ја тортата во фрижидер најмалку 4 часа, а најдобро преку ноќ.

Совет

Тирамису тортата најубаво се сече кога е добро изладена, а вкусот ѝ станува уште поинтензивен по неколку часа одморање. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: