Фотографија и рецепт на Верица Бориќ. Бев скептична кон овој колач бидејќи се прави со крем од жолчки и поради тоа никогаш не го направив. Наидов на овој рецепт, малку го преработив и сега сакам да го споделам рецептот со вас.

Потребни состојки: 1 поголемо пакување пишкоти, 200 мл силно, црно кафе, 250 г маскарпоне сирење (или обично крем сирење), 300 мл слатка павлака, 75 г шеќер во прав, ½ лажичка цимет, 1 ванилин шеќер, 1 желатин (инстант кој се додава директно во смесата) и какао во прав за наросување

Постапка: Поделете ги пишкотите на два дела. Првиот дел наредете ги како подлога во помала тепсија или калап, па испрскајте ги или прелијте ги со половина од кафето. Во слатката павлака додадете го желатинот во прав, па добро изматете ја со шеќерот во прав.

Пред крај додадете ванилин шеќер и цимет, а потоа и маскарпоне сирењето. Повторно изматете додека сите состојки да се соединат. Нанесете половина од кремот врз ишкотите, па врз него наредете ги и вториот ред пишкоти, па и нив испрскајте ги со кафе.

Одозгора нанесете го вториот дел од кремот и наросете со какао во прав. Оставете во фрижидер добро да се излади, па сечете и послужете.

Recepti.com