Пишува: Мартин Најдовски

Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.

Лунцура (lat. Gentiana lutea) е повеќегодишна билка која се карактеризира со жолти цветови, јак мирис и обично расте на високи пасишта. Цветовите се распоредени во внатрешноста на листовите. Линцурата е загрозена билка во природата и затоа во повеќето земји е заштитена со закон. За употреба луѓето најчесто си ја засадуваат во своите градини.

За лековити цели се употребува коренот. Кога се откопува коренот тој има силен и непријатен мирис, а кога ќе се исуши добива попријатен мирис. Карактеристично за неа е тоа што таа е најгорчливата билка од сите кои постојат.

Линцурата одамна се употребувала за лекување на болести на желудникот и црн дроб. Таа лекува проблеми со желудник, подригнување, киселини, го намалува притисокот во желудникот, стимулира создавање на желудечни сокови и го забрзува метаболизмот, ја подобрува работата на срцето, врши детоксикација во случај на труење.

Во народната медицина Линцурата била употребувана против грозница, треска и несвестици.

Таа го чисти организмот од токсините, помага за создавање на црвени и бели крвни зрнца, лекува бледило и анемија, па се препорачува користење Линцура после тешки болести, хемотерапии и во борбата со рак и леукемија.

Линцурата исто така, доста помага кај проширени вени, слаба циркулација и делува како тоник за зголемување на апетитот. Ги чисти глистите, го намалува холестеролот и доста помага кај слабокрвни луѓе.

Напомена: Не смеат да ја земаат луѓе кои имаат чир на желудник и дванаесетпалечно црево, поради зголемување на желудечниот сок. Исто така не смеат да ја земаат луѓе со висок крвен притисок, бремени жени и доилки.
Линцурата секогаш се пие пред јадење односно 30 мин пред јадење за да може храната побрзо да се свари.

РЕЦЕПТ ЗА ТИНКТУРА

Потребни состојки:

10 г корен од линцира
100 мл ракија (40-50%)

Постапка:

Коренот се прелива со ракијата и се остава 15 дена со повремено протресување. Потоа се процедува и се пие по 10-15 капки во чаша вода 3 пати дневно 30 мин пред јадење.

РЕЦЕПТ ЗА ЧАЈ

Една кафена лажичка корен се прелева со 200 мл зовриена вода. Се остава поклопено да отстои 30 минути, па се пие по 2 до 3 шолји дневно.
Напомена: Не смее да се консумира подолг период, мора да се пие со паузи односно да се пие 7 дена па да се направи пауза од 2 – 3 дена.

Пишува: Мартин Најдовски