Секоја домаќинка има свој начин за приготвување на тестото, но честопати се случува да добиете совет од пријателка или сосетка што излегува дека е многу корисен, па вреди да се испроба. Ова тесто навистина е меко, воздушесто, лесно и многу вкусно.
Од ова тесто може да се пече апсолутно се’: пирошки, кифлички, пица… и секогаш успева.
Пробајте.
Потребни состојки:
1 чаша кефир (чаша од 180-200 мл)
½ чаша масло
1 сув квасец (11 г)
1 мала лажичка сол
1 супена лажица шеќер
3 чаши брашно
Постапка:
Кефирот измешајте го со маслото и малку загрејте го да биде топло. Додадете сол и шеќер па промешајте.
Квасецот измешајте го со просеаното брашно и додадете го во рпетходната смеса.
Сето убаво измешајте го со лажица, покријте со фолија или крпа и оставете на топло место околу 30 минути.
За тоа време тестото ќе се зголеми за трипати. Ако мислите дека за тоа време тестото не надошло доволно, не грижете се, тоа убаво ќе си надојде за време на печењето.