Чистењето на цревата е од особена важност доколку организмот често пати од: желудечни и цревни тегоби, дигестивни пречки, намален апетит, подуеност, грчеви, вишок киселини, подригнување, ждригавица, воспаление на дебелото црево, чир на желудникот, нечиста кожа, алергии.
Една од основите за добро здравје и функционирање на организмот претставува добриот и здрав дигестивен систем. Повеќето од заболувањата на човекот обично потекнуваат од храната и отровите кои се внесуваат преку неа. Ниту здравата храна не е 100 процентна гаранција.
Една од најдобрите и најздравите работи кои човекот може да ги направи за своето тело и здравје е чистење и исфрлање на отпадните материи од дигестивниот тракт.
Грчкиот народен лекар Агириос Конзас за овој проблем развил посебен метод за лекување наречен терапија со пченична каша. Терапијата е осмислена и се користи за болести на дигестивниот тракт, односно, чистење на цревата и желудникот, како и за општа регенерација и чистење на организмот со едноставен, брз и многу ефикасен и успешен начин.
Терапијата се спроведува на следниот начин: Дневно, во зависност од состојбата и тежината на лицето, се приготвува од половина до еден килограм пченично зрно (интегрално), кое се вари во обична вода за време од околу 3-4 часови.
Пченицата се потопува целосно во сад со многу вода и се вари додека да се добие течна густа, кашеста маса. Во текот на готвењето потребно е да се меша, за да не загори и по потреба се додава уште вода.
Откако ќе се добие потребната каша, истата се процедува низ сито за да се отстранат лушпите кои не се свариле.
Добиената смеса се јаде во текот на целиот ден, поделена на 3-4 оброци. Во текот на денот не се јаде ништо друго, со исклучок на варено овошје во облик на компот. Не се пијат никакви други течности освен вода. Единствено, кашата можете да ја засладите со сосема малку шеќер.
Овој вид на диета се спроведува во зависност од состојбата на вашиот организам, по можност од 5 до 15 дена*, хранејќи се на исклучиво опишаниот начин. Многу брзо ќе забележите како вашиот организам и дигестивниот тракт се чистат од отровите а здравствената состојба се подобрува.
(Напомена од НМД: За обично чистење на цревата доволен е еден до два дена, а за терапевтски цели зависи од здравствената состојба и секогаш деновите одредете ги со консултација на вашиот лекар).
Она што е посебно значајно за оваа терапија е тоа што нема ниту да ослабите ниту да се исцрпите како што тоа е случај со другите диети, бидејќи кашата содржи доволно калории.
Со ваквата диета желудникот и цревата се ослободуваат од разните штетни талози, се ублажува воспалението на цревниот ѕид, се обновува цревната слузокожа и се прочистува целиот организам. За ова се заслужни белковините од пченицата кои со готвење стануваат скробна маса и подобро се дигестираат.
Вака зготвената пченица апсорбира многу повеќе вода и со скробниот лепак создава идеална растворлива маса која на внатрешните ѕидови од цревата и желудникот го раствора темелно и безболно целиот талог и сите отпадни материи.
Чистењето на цревата е од особена важност доколку организмот често пати од желудечни и цревни тегоби, има дигестивни пречки, намален апетит, подуеност, грчеви, вишок киселини, подригнување, ждригавица, воспаление на дебелото црево, чир на желудникот, нечиста кожа, алергии…