Home Останато Живот Татко си дошол дома и ја нашол ќерка си како танцува додека...

Татко си дошол дома и ја нашол ќерка си како танцува додека кучето што го спасиле, свирело пијано

Малото куче што претходно го спасиле од улица, за кратко време стана вирална атракција поради неговите неверојатни вештини да пее и свири на пијано.

Бади Меркјури е симпатично куче кое веднаш ќе ви го освои срцето. Многу сака да пее и да си игра со деца.

Луѓето што го чуваат пред извесно време закачија видео на Интернет, во кое тоа заносно свири на пијано и страсно пее, а малото девојче танцува со својата рок гитара.

Набрзо видеото стана вирално и имаше преку 4 милиони прегледи. Погледнете го, па ќе видите зошто.

Бади Меркјури го добило своето име по познатиот пеач на рок групата Квин, Фреди Меркјури.

Бади дури има и свој веб сајт, каде фановите можат да ги погледнат и слушнат неговите најнови изведби.

Погледнете го ова слатко видео кое ќе ви го растопи срцето: