Пиците приготвени дома колку и да се трудиме и да ги бараме најдобрите рецепти, сепак, не се како оние од пицериите.
Тајната за одлично приготвена домашна пица не е само во состојките, ниту во минутите потребни за обликување на тестото, туку во едноставниот трик кој имитира професионална печка.
Тајната на пицата која ја порачувате од пицерија, всушност е печката која постигнува и до 400 степени Целзиусови кои е невозможно да се постигне дома.
Всушност, можно е, но мора да се послужите со еден трик со чија помош ќе ја изимитирате професионалната печка.
За тоа е потребено едно парче гранит кое одговара на димензиите од рерната.
Каменот се става во рерна и се загрева, па кога ќе се отвори рерната за да се стави пицата на печење, температурата нема да се намали бидејќи ќе биде сочувана во каменот.
На пицата ќе и бидат потребни околу 10 до 15 минути за да се испече убаво.
Следната тајна за одлично приготвена пица, е секако доброто тесто на кое треба да му се обрати најмногу внимание.
Притоа е важно да се разликваат две основни рецептури за пица: изворната Наполитанска или подебел раб чие тесто треба одредено време да “одлежи” и Римската пица која е тенка и не треба да кисне и да се премесува како тестото за леб. Оваа е најслична со онаа од нашите пицерии.
Потребни состојки за Римска пица:
70% меко брашно
30% остро брашно
на количината шеќер – двојна количина сол (на 1 лажица шеќер – две лажици сол или обратно, доколку сакате повеќе слаткаст тон на тестото)
млеко
свеж или малку сув квасец
вода на собна температура
маслиново масло
Количините сами ги одбирате, на пример:
230 – 250 мл вода + млеко (заедно)
1/2 свеж квасец
3 лажици маслиново масло
310 г брашно +-
сол, шеќер
Постапка:
Замесете го убаво тестото, формирајте топка и оставете да одлежи од 1 до 3 часа.
Потоа тестото поделете го на 2 или 3 топчиња за помали пици или целото развлечете го во една поголема кора.
Следната тајна е дека не смее да се претерува премногу со состојките. Имено, тестото кое е прекриено со голема количина состојки, нема да се испече убаво туку ќе остане сварено и влажно, па нема да биде крцкаво и вкусно туку тегаво, со што пицата ја губи својата смисла.
Најпосле, врз топлата пица ставете шери домати пресечени на поливина, неколку свежо искинати ливчиња босилек и на крај завршете со неколку капки маслиново масло накапани врз површината.