Тајната на совршените мекици со мајонез…Мојот сопруг не можеше да престане да ги фали…
Денес ќе ви откриеме необичен, но неверојатно вкусен рецепт со една кулинарска тајна која малкумина ја знаат…Ако користите посни состојки, можете да ги правите и за време на пост…
Ова е едноставна, а сепак магична комбинација на состојки што ќе го воодушеви вашето семејство, но и секој што ќе ги проба мекиците.
Главната тајна? Додавање мајонез во врела вода!
Звучи необично, нели? Но резултатот е толку вкусен што мојот сопруг не можеше да престане да ги фали, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
400 мл врела вода
5 супени лажици мајонез (посен за посна верзија)
6-7 чаши просеано брашно
1 лажичка сода
1 лажичка сол
1 супена лажица масло
За фил испасирајте и соединете во пире:
500 г сварени компири
1 лажичка сол
1 лажица путер или пропржен кромид и лук по вкус (опционо)
100 мл млеко (растително за посна верзија)
НМД
ПОСТАПКА:
Оставете водата да зоврие, па додајте го мајонезот и исклучете го огнот. Мешајте додека целосно да се раствори, па течноста сипете ја во подлабок сад.
Додајте ги брашното (не целото одеднаш), содата и солта, па започнете да месете додека да добиете компактно меко тесто.
На крај додајте малку масло за да се измазни тестото, покријте го и оставете го да одмори 20 минути. За тоа време подгответе го филот.
Тестото поделете го на 18-20 топчиња. секое топче сплескајте го со прстите, во средината ставете фил, па затворете со штипкање за да се залепат краевите.
Мекиците во форма на чамче покријте ги со кеса за да не се сушат. Загрејте масло на средна температура и спуштајте ги мекиците.
Кога ќе заруменат од едната страна, превртете ги и пржете ги од другата. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ: