Фото и рецепт: Снежана Бошкова
Ова е омиленото макало кое може да се послужи самостојно или како прилог со главното јадење.
Потребни состојки:
20-тина зелени пиперки (може неколку лути пиперки, по желба)
10- тина чешниња лук
3-4 црвени домати
*може и 1-2 модри патлиџани
Магдонос по желба
Масло за јадење и сол по вкус
Постапка:
Најпрво измијте ги пиперките, избришете ги и испечете ги убаво од сите страни. Печените пиперки ставајте ги во кеса и оставете ги така да изладат. Потоа излупете ги и извадете им ги семките.
Исто како пиперките, така и доматите запечете ги на оган.
Лукчето убаво излупете го, исечкајте го ситно, посолете го и убаво истолчете го. Пиперките исечете ги на помали парчиња, па и нив постепено додавајте ги во лукот и толчете ги.
Толчете ритмично и еднакво за да спојат вкусовите. Потоа додавајте ги исечените домати, па заедно убаво промешајте. Посолете по вкус.
На оган ставете малку масло да се загрее. Кога маслото ќе почне да зоврива, попарете го одозгора пинџурот и убаво промешајте. Оставете некоја минута убаво да се впие маслото и да се соединат вкусовите. Послужете со ситно сечкан магдонос.
Фото и рецепт: Снежана Бошкова
ВАШИ КОМЕНТАРИ:
Коментар на Панче Иванов: “Moze da se koristi kako salata, a moze kako jadenje so domasno sirenje moze da se stavi i modar patlidzan se razbira pecen pindzurot ke dobie na vkus prijatno”
Коментар на Живка Ангеловска:”Tri kgr zelen piper, lut ili blag, dva kgr crven domat i dva ili tri modri patlodzani, zavisi od goleminata, se se pece, malku se cedi vo cedalka se sitni se stava vo sad za tolcenje, kade predhodno e istokcen luk po zelba zaedno so sol i se tolci cela smesa. Se zagreva zejtinot se preleva smesata, ubavo se meša i se ostava da otstoi. Prijatno.”