Во мноштвото рецепти за посни и брзи колачи, секогаш се издвојува некој кој за кратко време станува омилен за многумина. Таков е и овој колач, Светогоскиот, наречен според монасите кои го осмислиле, од кои всушност потекнува овој рецепт. За овој колач неодамна „Практична жена“ сними и видео презентација, чиј линк можете да го погледнете под пишаниот текст. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 лажици џем од кајсии, 10 лажици шеќер, 1 кесичка цимет во прав, 1 лимон – рендана кора, 1 портокал – цеден сок, 1 лажица прашок за печиво (1 кесичка), 500 г брашно, 250 мл млака вода, 1 рака сечкани ореви, 1-2 раце суво грозје. За премачкуавње: џем од кајсии и 150 г црно посно чоколадо




ПОСТАПКА: Џемот и шеќерот пенасто изматете ги со миксер додека да добиете еднолична смеса. Во хомогената смеса додајте малку вода (20-30 мл), цимет, рендана кора од лимон и сок од портокал, ореви, суво грозје и полека, со мешање, додавајте брашно помешано со прашок за печиво.




Добро соединете со миксер и смесата истурете ја во тефлонски плех (или обичен, обложен со хартија за печење). Ако е потребно со помош на шпатулата израмнете ја површината да биде мазна и рамна. Се става да се пече во умерено загреана рерна на 180 степени околу 25-30 степени.




Додека е топол колачот се премачкува со 3-4 лажици џем од кајсија (или повеќе ако сакате), па се прелива со растопено чоколадо (кога го растопувате, во чоколадото може да додадете и малку масло). Деталите од постапката погледнете ги ви видеото ОВДЕ, но не пропуштајте да го прочитате и рецептот за посен колач осмислен од монахињите:




Посен колач со ореви и џем, осмислен од монахињи за пост на вода

Овој колач го имаат осмислено монахињите за постите на вода, меѓута толку е вкусен и сочен, што можете да си го приготвувате било кој ден, независно од постите. Многу е вкусен, а направен е од состојки кои секоја куќа ги има. Многу брзо и лесно се приготвува.




Потребни состојки: 12 лажици шеќер, 20 лажици меко брашно, 1 прашок за печиво, 400 мл вода, 1 лажичка сода бикарбона, 8+4 лажици мелени или блендирани ореви, 4+4 лажици домашен џем по желба




Постапка: вклучете ја рерната на 200 степени. Во еден сад ставете шеќер, брашно, вода, 8 лажици ореви, 4 лажици џем по желба, прашок за печиво, сода бикарбона и сето добро измешајте го. Наместо ореви може да се стават лешници, а и џемот исто така можете да го комбинирате (во тестото ставив џем од сливи а го премачкав со џем од кајсии).




Во обложен плех со хартија (димензии 30х20 см) излејте ја целата смеса и убаво распоредете. Кога ќе ја ставате хартијата, внимавајте таа со мазната страна да биде нагоре, ќе осетите под прсти дека едната страна е помазна од другата. Смесата треба да биде нешто погуста од јогурт.




Ставете да се пече 30 минути, во зависност од рерната. Ако не сте сигурни, проверете со чепкалка. Кога ќе потемни од горната страна, значи дека е готов. Врелиот колач премачкајте го со 4 лажици џем и наросете 4 лажици мелени ореви, па оставете да излади и тогаш сечете го. Јас веднаш, уште додека беше врел го извадив од хартијата и го ставив на даска, па потоа го премачкав и наросив.