Во садовите ја приготвуваме храната за себеси и нашите деца, па колку помалку хемикалии се користат при нивното чистење- толку подобро-пренесува порталот uspesnazena.com.

Тавчињата од разни материјали се незаменливи во приготвувањето на храната. Ги користиме многу често, а понекогаш не само еден сад, туку повеќе. Не е ни чудо што многу брзо на нивното дно и од страните се наталожува дебел слој маснотија. Исто така, на металните садови понекогаш може да се појави и ’рѓа.

Хемиските методи за отстранување на овие проблеми често не се доволно ефикасни, па иако се агресивни, понекогаш не го даваат саканиот резултат. Со хемиските средства мораме да ракуваме со заштитни ракавици, а мирисот (односно, смрдеата) од овие производи е неподнослив и може да предизвика алергија.

Меѓутоа, постојат едноставни начини за отстранување на загорената маснотија и тоа брзо, без употреба на хемикалии.

 

ЕДНОСТАВЕН НАЧИН ЗА ЧИСТЕЊЕ НА САДОВИТЕ ОД ’РЃА И МАСНОТИЈА

 

Компир

Излупете еден сиров компир со средна големина или некој поголем. Исечете го на половина. Едната половина натопете ја со сода бикарбона. За отстранување на ’рѓата од железни тавчиња, ќе биде доволно ако компирот го натопите во сол.

Тријте со компирот исто како со жица, по нечистата површина. Потребно е да се вложи мал напор, но резултатот ќе биде видлив за кратко време, што дополнително ќе ве инспирира.

Ако сакате на овој начин да ја исчистите маснотијата од повеќе тави или лонци, неопходно е периодично да го обновувате компирот, односно, повремено да го отсекувате извалканиот дел. Исто така, треба почесто да се натопува во сода бикарбона или сол, бидејќи всушност, комбинацијата од компиров сок со содата ја чисти маснотијата.

Маснотијата од внатрешните ѕидови на садовите можете да ја отстраните со помош на обични вреќичи чај.

Потребни се само 2-3 вреќички чај. За оваа потреба купете од најевтиниот чај во вреќички.

Земете сува, некористена вреќичка чај и едноставно поминете со нејзе по внатрешните ѕидови на садот каде останала маснотија. Веднаш ќе забележите дека маснотијата се топи и се впива во чајната вреќичка.

Маснотијата од надворешните ѕидови можете да отстраните исто така со варење на истите во раствор од сода бикарбона.

За оваа намена ќе ви биде потребен еден поголем лонец во кој може да се смести садот кој сакате да го исчистите. Во него ставете 4-5 лажици сода бикарбона и прелијте со вода. Варете 30-50 минути. После тоа, исплакнете ги и пребришете ги садовите.

За овој метод не е потребен поголем физички напор, но затоа е потребно време. Ако го имате, тоа е најделотворниот начин за елиминирање на старата маснотија од сите садови.

На овој начин можете да ги дезинфицирате  металните цедалки, лажици, капаци и други предмети.