Фото и рецепт: Бетина
Многу е вкусен и декоративен за свечени пригоди. Потребни состојки: 600 г мелено јунешко, свинско или телешко, 7 јајца, 300 мл кисела павлака, 2 парчиња леб, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, зачини по желба, сол, црн пипер, сув зачин (вегета),
Потоа, црвен пипер, ½ китка магдонос, 1 прашок за печиво, 200 г грашок и морков и 150 г панцета/сланина/пршута. За сос: 200 г печурки, 200 мл неутрална течна павлака, 200 мл млеко, 1 лажица брашно, 50 мл бело вино, сол, црн пипер, сув зачин (вегета)
Постапка: Кромидот исчистете го и исечкајте го ситно, па издинстајте го на малку загреано масло. Додадете го меленото месо и продолжете со пржење додека да ја смени бојата. Динстајте околу 15-тина минути и пред крајот додадете ситно сечкан магдонос.
Лебот натопете го во топла вода или млеко, па исцедете го. Издробете го во еден сад, па додадете две јајца, кисела павлака, прашок за печиво и брашно. Промешајте да се изедначи.
Потоа во оваа смеса додадете го месото исцедено од масло, како и варениот морков и грашок.
Калапот за куглоф намастете го со масло и обложете го со тенки ленти сланина или пршута (ако користите пршута, претходно малку натопете ја во вода).
Половина од добиената смеса излејте ја во калап, наредете ги варените јајца (ако не сакате, не морате да ги ставате), па потоа долејте го одозгора и преостанатиот дел од смесата.
Преку смесата префлете ги лентите пршута што претходно виселе.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени првите 15 минути, а потоа уште 45 минути на 180 степени. Оставете малку да излади, па истресете го месниот куглоф во чинија за сервирање.
Како прилог сервирам компир и сос од печурки. За сос: Издинстајте го кромидот и печурките на малку масло, па кога ќе испари течноста додадете лажица брашно и вино, млеко и течна павлака, па уште малку продинстајте. Прелијте го сосот врз куглофот.