СУТЛИЈАШ ТОРТА…Рецепт кој сите ги воодушеви…Колач со ориз, чоколадо и плазма…Едноставно се подготвува, евтина е и излегува голема…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

150 г ориз
200 мл вода
1 литар млеко
100 г шеќер
2 ванилин шеќер
20 г путер
80 г млечно чоколадо
50 г мелени бисквити (плазма)

За декорација:
мелени ореви
мелени бисквити (плазма)
цимет

ПОСТАПКА:

Оризот сварете го прво во вода, а потоа и во млеко. Додајте шеќер, ванила, чоколадо и путер, па варете го 15-тина минути.

На крај кога сето ќе се растопи и соедини, додајте ја мелената плазма.

Промешајте и оставете 5 минути, а потоа смесата сипете ја во калап за торти на чие дно сте наредиле плазма кекси. Одозгора посипете мелени ореви, кекси и цимет.

Тортата оставете ја во фрижидер, најдобро преку цела ноќ. Постапката погледнете ја ОВДЕ.