Фото и рецепт: Тина Илиевска
Потребни состојки:
100 г сусам
250 г шунка
200 г кашкавал
400 г павлака
Постапка:
Сусамот се пржи неколку минути додека да добие златна боја и убаво да замириса. Се запржува во сува тава со постојано мешање.
Шунката и кашкавалот се рендаат и се ставаат во подлабок сад.
Се додава изладениот сусам и павлаката, па убаво се промешува.
Салатата се остава во фрижидер убаво да излади и да се стегне. Потоа се сервира во соодветни чинии или се вадат топки и се декорира со свеж магдонос.
Фото и рецепт: Тина Илиевска