Супербрз освежителен колач за 15 минути…Толку е едноставен што можат и почетници да го направат…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 15х20 см):

250 мл сок од вишни
100 г пишкоти

За крем:
1 литар млеко
2 кесички пудинг од ванила (вкупно 80 г)
5 супени лажици шеќер
100 г бело чоколадо

За црвен крем:
500 мл вода
250 мл вишни
5 лажици шеќер
3 супени лажици скроб

ПОСТАПКА:

1.Пишкотите кратко натопувајте ги во сок од вишни и наредете ги на дното од калапот.

2.Во тенџере сипете млеко, пудинг и шеќер, па ставете на оган и варете со непрекинато мешање додека да згусне. тргнете од оган и додајте искршено чоколадо, па мешајте додека да се растопи и инкорпорира.

3.Жолтиот крем сипете го врз пишкотите и израмнете. Во тенџере сипете 500 мл вода, додајте 250 г вишни без семки, шеќер и густин, па сварете исто како за пудинг. црвениот крем сипете го во жолтиот.

4.Оставете да се олади прво на собна температура, а потоа 2 ласа во фрижидер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/-xc9JhqBzGY?si=Qf0G4QO2nn4JeRZ1