Потребни состојки:

3 х 5 белки

3 х 10 лажици шеќер во прав

3 х 5 лажици мелени ореви

3 х 2 лажици брашно

За крем:

1 литар млеко

7 жолчки

10 лажици шеќер

9 лажици брашно

Уште состојки за кремот:

8 жолчки

250 г шеќер во прав

250 г путер

150 г мелени ореви

100 мл врело млеко за да се попарат оревите

200 г чоколадо

За украсување:

3 шлаг креми или 400 мл слатка павлака за шлаг

400 мл млеко или кисела вода (ова не ви е потребно за хоплата)

Постапка:

Направете три кори: прво изматете ги белките во снег, па постепено додадете шеќер во прав, а брашното и оревите претходно измешани додадете ги со лажица и промешајте внимателно. Печете на 180 степени околу 25 минути.

Печените кори покријте ги со крпа додека го подготвувате кремот.

На оган ставете 800 мл млеко и 10 лажици шеќер да проврие. Изматете 7 жолчки, 9 лажици брашно и 200 мл ладно млеко, па истурете во зовриеното млеко со постојано мешање и сварете како пудинг. Тргнете од оган и покријте со проѕирна фолија за да не фаќа кора.

Во друг сад изматете 8 жолчки со 250 г шеќер во прав. Путерот омекнете го на собна температура па додадете го во изматените жолчки и повторно изматете додека да добиете убав крем. Овој крем додадете го во убаво изладениот „пудинг“ (не смее да биде ни топло ни млако) и матете повторно за убаво да се соедини.

Издвојте една третина од филот.

Загрејте 100 мл млеко и прелијте преку 150 г мелени ореви. Поклопете оревите убаво да се спарат, па кога ќе изладат додадете ги во третината од кремот и измешајте.

Во остатокот од кремот додадете растопено 200 г чоколадо и изматете.

Изматете го шлагот. Филувајте: кора, шлаг, црн фил, кора, шлаг, бел фил, кора, шалг, црн фил.