Сунѓер пита со ореви: Сочен колач што се топи во уста
Кога сакате да ги израдувате најблиските со десерт што е истовремено богат, ароматичен и неодолив, сунѓер питата со ореви е вистинскиот избор.
Овој колач не е ни баклава, ни раванија, туку уникатна комбинација од меко тесто, вкусен фил и сладок сируп што го прави неверојатно сочен, пишува НМД.
Едноставен за подготовка, а сепак импресивен, овој рецепт брзо ќе стане дел од вашите омилени семејни десерти. Подгответе се за задоволство што се памети со секој залак!
Потребни состојки:
За тестото:
– 1 јајце
– 260 г брашно
– 100 г гриз
– 200 мл јогурт
– 2 супени лажици шеќер во прав
– 50 мл маслиново масло (или обично масло за готвење)
– 1 супена лажица маст или путер
– 1 кесичка прашок за печиво (10 г)
– Рендана кора од 1 лимон
– 1 лажичка јаболков оцет
За филот:
– 200 г мелени ореви
– 2 супени лажици шеќер во прав
– 2 супени лажици сусам (малку потпечен)
– 1 мала лажичка цимет во прав
– 1 супена лажица кисела павлака
За сирупот:
– 150 г шеќер
– 100 мл вода
– 1 мандарина (цела, со кора, исечена на парчиња)
– Сок од половина лимон
– НМД
ПОСТАПКАТА опишана во детали преку фотографии можете да ја прочитате ОВДЕ:
Видео прилогот со деталната постапка можете да го погледнете ОВДЕ: