Потребни состојки: 1 кг брашно, 1 свеж квасец, 1 лажица сол, по потреба, 2 лажици шеќер, 200 мл масло, 700 мл млеко. За фил (можете по ваш избор, а можете и празни): 250 г шунка, 250 г кашкавал, малку кисела павлака и 2-3 прстофат вегета

Постапка: Ставете го квасецот да се активира во малку млако млеко и шеќер, а потоа заедно со останатите состојки замесете меко тесто. Оставете го покриено на топло да надојде. После половина час повторно премесете па оставете уште околу половина час да се увдои.

Потоа тестото поделете го на 4 топки, а секоја развлечете ја во кора, која ќе ја исечете на тријаголници и ќе обликувате кифлички и ќе ги редите во тепсија обложена со хартија за печење.

Кифличките премачкајте ги со претходно изматено јајце и масло. Печете на 220 степени додека да добијат убава боја. Овие кифлички се многу вкусни кога се празни, убави се со џем, но лично најмногу ги сакам со филот која ви ги препорачав.

сoolinarika.com