Верувале вие или не, насекаде околу нас постои позитивна и негативна енергија. Денешниот начин на живеење придонесува за зголемување на негативната енергија, а тоа лошо се одразува врз нашето физичко и ментално здравје.
Сепак постои една работа која можеме да ја направиме и да си помогнеме на себеси.
Лимонот им помага на луѓето да ја трансформираат негативната енергија во позитивна.
Сè што треба да направите е да исечете еден лимон на четвртинки, да го ставите на чинивче и да го наполните со крупна сол, па да го ставите врз наткасната покрај креветот во спалната соба – а резултатот е неверојатен.
Кристалите на солта имаат способност да ја впиваат негативната енергија и да ја заробат.
Кој и да ви дојде дома со негативна енергија, лимонот ќе ја зароби во себе.
Затоа ваков лимон можете да ставите и во салонот или во просторијата каде најмногу престојувате.
Уште еднаш можеме да заклучиме дека природата се погрижила за се’ што ни е потребно. Па така, поединци спијат со посолен лимон крај главата бидејќи вдишувањето на тој мирис олеснува некои тегоби.
Ако на овој начин го ставите лимонот покрај глава, еве што се случува тогаш:
-Оваа комбинација го олеснува дишењето, особено кај луѓето кои патат од астма, алергија или се настинати.
-Крвниот притисок се нормализира
-Лимонот ги одбива инсектите, вклучително и комарците
-Нема зарипнат глас наутро
-Мислите се бистри после будење
-Можно е побрзо да се разбудите наутро, без помош на кафе
-Просторијата мириса пријатно и свежо.