Ставете гранче рузмрин на задниот дел од вратот… Погледнете како делува! Ќе се изненадите од ефектите што ги има ова растение врз нашиот организам, како и од оваа специфична техника.

Рузмаринот е зачин со освежителен мирис кој на јадењата им дава богат вкус, ги подобрува и ги прави поздрави. Неговото масло исто така многу се цени поради својата ароматичност во кулинарството, но и поради одличното дејство врз здравјето на кожата.

Оваа билка е одлична за јакнење на организмот, а веќе многу одамна се користи не само како зачин во кујната, туку и за подготовка на козметички производи и како природен лек.

Ако имате проблем со лоша миризба во патики, лоша миризба во чевли, само земете гранче рузмарин и ставете го внатре. Бидејќи рузмаринот, освен што ќе им даде убав мирис на патиките, ќе ги неутрализира непријатните.

Доколку имате проблем со ждригавица/ горушица, ако имате проблем со стомакот, тоа чувство на печење или ако имате проблем со гасови, рузмаринот е одличен за борба против овој тип на проблем. Во овој случај помага чај приготвен со рузмарин.

Чајот од рузмарин е одличен за третирање на сите дигестивни проблеми, особено ждригавица, лошо варење, гасови во стомак и запек.

Рецептот за чај од рузмарин прочитајте го ОВДЕ. Една супена лажица свежи листови прелијте со 250 мл врела вода и после 10 минути процедете.

Прочитајте: „Ставете гранче рузмарин во косата: го подобрува мозокот за 70 проценти и штити од зрачења“ОВДЕ.

Ако имате рузмарин во двор или во саксија, не пропуштајте да седите покрај него колку можете подолго и одвреме навраме да поминувате со раката низ неговите гранчиња за да се ослободи неговиот мирис.

Наберете неколку гранчиња и ставете ги во косата или в џеб ако излегувате некаде на прошетка, и носете го неговиот смирувачки мирис со себе. Ако сте под стрес или слабо се концентрирате, рузмаринот многу ќе ви помогне.

Исто така, од голема помош е при инфламаторни состојби, особено при болки во зглобовите. За третирање се користи вода во која отстојале гранчиња рузмарин или пак тинктура, односно алкохол во кој кој отстојале гранчиња рузмарин.

Рузмаринот во алкоxoл ќе ви биде од голема помош во следниве здравствени проблеми: целулит, против наcтинки и гpип, болка во вpатот, мoдpинки, пpoблем со циpкулација и пpоширени вени, спречува опaѓање на кocата, болки во мускулите, иcтегнувања, болки во зглобовите, pевматизам.

Рузмарин во алкоxoл – Како се приготвува, потребни состојки и употреба:

Потребни состојки: 1 гранче свеж рузмарин (да бидат опфатени листови и цвет, ако е можно), алкoxол (медицински алкoxол, но може да користите и домашна квалитетна paкија), 1 стаклен сад (мало шише или тегла).

Постапка: можете да користите и сува билка од рузмарин (лист и цвет), но најдобро е ако се приготви со свежа билка. Иситнете ја билката на помали парченца и сместете ја во соодветен сад или мало стаклено шише.

Прелијте го сечканиоит рузмарин со алкохол до самиот врв (еден или два прста од отворот на шишето, но билката мора целата да биде потопена). Цврсто затворете го шишето и оставете го 15 дена на темно место.

Употреба: потоа процедете го и течноста складирајте ја во стаклена тегла, чувајте ја повторно на темно место. Оваа добиена комбинација од рузмарин треба да се користи за масажа на места каде што е потребно поради некои од горенаведените проблеми (целулит, вени, болка, модринки, ревматизам).

БОЛКИ ВО ВРАТОТ

Изронете 2-3 гранчиња рузмарин во 150 мл вода и оставете да отстои половина час. Потоа натопете памучна крпа или топче памук, натопете го во водата и премачкајте го вратот или ставете го како облога.

Оваа техника можете да ја користите и за други делови од телото каде чувствувате напнатост, тежина или болка. Повеќе можете да погледнете во видеото ОВДЕ.