Најдоброто нешто кај „качамак диетата“ е тоа што ќе се чувствувате сити долго време, а во исто време ќе имате добро варење и брзи резултати.

Качамакот или палентата е омилен избор за појадок за многумина, а може да се подготви на различни начини, вклучувајќи варење, пржење, печење, па дури и на скара. Но, се разбира, најздравиот начин на подготвување е оној диеталниот, пченкарно брашно сварено во вода со минимална употреба на сол.

Качамак диетата всушност се заснова на консумирање на палента како основна храна, со додатоци како месо, сос и зеленчук во умерена количина.

Иако трае само 4 дена, на вашето тело ќе му ги обезбеди потребните витамини и минерали, ќе ги исчисти цревата и ќе го забрза метаболизмот.

Најдоброто од оваа диета е што на сложените јаглехидрати во комбинација со влакната од палентата им треба долго време за да се сварат, така што долго време нè одржуваат сити, а истовремено поттикнуваат добро варење и спречуваат запек, кој е честа последица на брзите диети.

Сепак, не е дозволено комбинирање на сите намирници со палента и всушност, забрането е да се додава полномасно сирење, кајмак и сланина, како што вообичаено се јаде ова јадење.

Можеби палентата подготвена на овој начин (сварена само во вода со минимално сол) не е највкусниот избор, но затоа е најефикасниот, кога станува збор за намалување на килограмите.

NMD.mk

Ден 1 (оваа количина распоредете ја на неколку оброци)

400 г палента
1 краставица
1 домат
1 јаболко
2 литри вода

Втор ден (оваа количина распоредете ја на неколку оброци)

Повторете сè од првиот ден

Трет ден (оваа количина распоредете ја на неколку оброци)

400 г палента
салата од 300 г зелена марула
200 г свежа зелка
2 моркови
малку сок од лимон
1 лажичка маслиново масло
2 литри вода
3 шолји зелен чај без шеќер

4-ти ден (оваа количина распоредете ја на неколку оброци)

Повторете го менито од третиот ден.

За палентата да ви помогне во слабеењето мора да се готви без млеко, шеќер и путер.

NMD.mk