Рецепт и видео презентација на Аурора рецепти – Снегулест колач од кокос и чоколадо, декоративен и со совршен вкус – едноставно, мора да го пробате, се топи во уста
Потребни состојки за кора: 5 јајца, 80 грама шеќер во прав, 80 грама брашно, 2 мали лажички какао, 1 кесичка прашок за пециво, 3 жолчки. Потребни состојки за филот: 3 белки од јајце, 150 кокос, 60 грама шеќер во прав. За прелив: 200 грама топено чоколадо, 150 грама кисела павлака и 250 мл слатка павлака
Постапка: Најпрво се приготвува кората. За целиот колач потребни се вкупно осум јајца. Одвојте ги белките, така што во еден сад ќе ставите 5 белки, во друг 3 белки за филот и во посебен сад ќе ги ставите жолчките.
Изматете ги петте белки пенасто додека да добиете цврст снег. Потоа жолчките изматете ги со миксер со постепено додавање на шеќерот во прав, додека тој да се растопи и да се добие густа кремаста и светла смеса.
Изматените жолчки полека додавајте ги во цврстиот снег од белки и внимателно со лажица или шпатула мешајте за да се соединат двете смеси. Добиената смеса треба да биде пенлива и воздушеста, па затоа најдобро е да се меша со превртување на лажицата.
Во добиената смеса додадете 80 г просеано брашно со 2 лажици какао и половина кесичка прашок за печиво. Продолжете да мешате со лажица додека да добиете изедначена, комапкатна и мазна смеса без грутчиња.
Во плех со приближни димензии 25×30 см, поставете намастена хартија за печење и излејте ја подготвената смеса. Рамномерно распоредете ја смесата во плехот подеднакво на сите страни и израмнете.
Потоа тргнете ја на страна и започнете со приготвување на филот. Во длабок сад додадете ги трите белки од јајце и матете со миксер додека постепено додавате шеќер во прав. Кога ќе добиете пенаста структура додадете го кокосот и мешајте додека да се соедини во смесата.
Со супена лажица ставајте од смесата во еден ред по три лажици како топки, се додека да ја пополните целата тепсија. Важно е да не ја распоредувате смесата низ тепсијата. Вака приготвенот колач ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
После печењето оставете го колачот целосно да се олади, а во меѓувреме пригответе го преливот. Во посебен сад измешајте 150 грама кисела павлака и 250 грама слатка павлака. На крајот додајте 200 грама топено чоколадо и соединете ја смесата. Доколку преливот не е доволно благ, додајте шеќер по вкус.
Прелијте го филот во тепсијата преку целата површина. Измазнете од страните и оставете колачот целосно да се излади. На крај, можете да наросите чоколадни трошки или рендано чоколадо. Кога убаво ќе се излади, пресечете го колачот и уживајте во вкусот.
Деталите од целата постапка можете да ги погледнете на видеото ОВДЕ.
Серенада колач – вкусен, сочен и кремаст колач, “лапни голтни” – сигурно ќе ви се допадне. Рецепт и фотографија на Викторија Николовска
Потребни состојки за тесто: 6 јајца, 6 лажицишеќер, 5 лажици брашно, 2 лажици какао , 3 лажици масло, 1 пециво
Постапка: Се матат 6 белки со шеќерот како цврст снег, па се додадаваат една по една жолчките и маслото. Потоа се додава брашното со пецивото и какаото. Се пече на 220 степени околу 20 минути или ќе проверите со чепкалка. Се добива тврдо тесто кое се полива со 200 милилитри вода измешано со 300 грама шеќер провриени околу 5 мин.
Потребни состојки за фил: 3 кесички пудинг од ванила, 1 литар млеко, 100 грама бело чоколадо, 250 грама маргарин или путер, 200 грама шеќер во прав
Постапка: Се варат 3 пудинзи од ванила заедно со млекото и белото чоколадо. Кога целосно ќе се излади приготвената смеса се додава маргаринот изматен заедно со шеќерот во прав. Овој фил целиот се нанесува врз кората.
Потребни состојки за глазура: 500 мл слатка павлака и 300 г чоколадо. Можете да направите било каква глазура со какао и млеко или чоколадо а јас откога ја открив глазурата со хопла само неа си ја правам.
500 милилитри хопла ја загревам до пред вриење и додавам 300 грама чоколадо за готвење. Се меша додека да се растопи чоколадото и се полива врз колачот. / Рецепт и фотографија на Викторија Николовска. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.