Рецепт и видео презентација на Маријана Радиќ – “Врбовечка пита”. Оваа пита можеби потсетува на пица или на францускиот киш. Рецептот потекнува од дамнешни времиња кога лебот се печел во големи печки, а сè уште е задржана традицијата во Врбочекиот крај.
Од лебното тесто се приготвувал вистински деликатес, а вештите домаќинки откинувале парче, го развлекувале во тенка кора, ја ставале директно врз лопатата за печење. Ја премачкувале со свежо сирење и павлака со додаток од пченкарен гриз за да не се разлева филот.
Сето тоа го прелевале со павлака и јајца, а за да не истекува од кората, краевите ги подвиткувале нагоре и правете “брегче”. Ја ставале да се пече уште пред лебовите. Така се создала оваа отворена пита, која многу наликува на италијанската пица или на францускиот киш лорен…
Потребни состојки за тесто: 300 г брашно, 200 мл млеко, 1/2 коцка свеж квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажица маст, половина лажичка сол.
За фил: 400 г свежо сирење, 150 г кисела павлака, 1 јајце и 1 белка, 2 лажици пченкарен гриз, 1 лажичка сол. За прелив ќе ви бидат потребни следните состојки: 1 жолчка и 50 г кисела павлака.
Постапка: квасецот ситно издробете го бо топлото млеко, додадете лажичка шеќер и лажица брашно. Промешајте добро за да се растворат состојките и да нема грутчиња, па оставете на топло и на собна температура околу 10-тина минути, за да се активира квасецот и да се запени.
Во длабок сад за месење ставете го брашното, од страните наросете малку сол, во средината направете вдлабнатина, па тука истурете го активираниот квасец. Додадете ја растопената маст или путер, па полека со прстите започнете да ги мешате состојките со брашното.
Замесете мазно тесто кое не се лепи на рака, па покријте го со проѕирна фолија и оставете го да стасува на топло место околу половина час додека да го удвои својот волумен. За тоа време пригответе го филот: Во еден сад издробете го сирењето, помешајте го со киселата павлака, додадете едно цело јајце, една белка, пченкарен гриз и сол по вкус.
Жолчката сочувајте ја за приготвување на преливот. Стасаното тесто истресете го на малку набрашнета работна површина, па премесете го и развлечете го во тркалезна кора, малку поголема од тепсијата или калапот во кој ќе се пече питата. Кората би требало да биде со дебелина од еден центиметар.
Од краевите направете витки за да не истекува приготвениот фил, но и не мора, ова можете да го направите откако ќе го нанесете филот. Одозгора рамномерно распоредете го филот од сирење и јајца, па убаво преклопете ги ивиците на тестото во круг преку филот.
На крај, преку филот прелијте изматена жолчка со кисела павлака. вака приготвената пита ставете ја да се пече во загреана рерна на 220 степени додека убаво да зарумени, околу 12 минути. /coolinarika.com. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.