Рецепт и видео презентација на Домашни рецепти – Пита со јаболка. Ова е една старинска пита со јаболка, а се приготвува од многу малку состојки, суви и влажни. За мерење се користи обична чаша од 200 мл. Сувите состојки се делат на три дела, а влажните се делат на два дела.
Потребни суви состојки: 2 чаши (од 200 мл) брашно, 2 чаши гриз, 1 чаша шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво (5 г).
Потребни состојки за фил: 1,5 кг јаболка (неисчистени, 6 големи), 1 чаша шеќер, 5 г цимет, 1 ванилин шеќер. И уште ќе ви биде потребно: 150 г маргарин или путер.
Постапка: Најпрво се приготвуваат влажните состојки. Јаболката се мијат, се лупат и се рендаат. Во ренданите јаболка додајте шеќер и цимет и внимателно промешајте.
По желба додајте и ванилин шеќер. Кога ќе ги промешате јаболката оставете ги 10 –тина минути да отстојат, за да го пуштат сокот.
Измешајте ги сувите состојки во подлабок сад: ставете брашно, гриз, шеќер и прашок за печиво. Во оваа смеса исто така, по желба можете да додадете ванилин шеќер. Промешајте за да се изедначат состојките.
Плех со димензии 30х20 см добро намастете го со путер или маргарин, а рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени. Две полни чаши (од 200 мл) од сувите состојки рамномерно наросете на дното.
Протресете го плехот за да се распореди рамномерно. Отстојаните јаболка со лажица редете ги врз сувите состојки (половина од количината) заедно со сокот кој го испуштиле. Токму тој сок е потребен за да го впијат сувите состојки.
Убаво израмнете и одозгора наросете 1,5 шолја суви состојки. Исто така протресете го плехот за да се распореди рамномерно. Врз овој слој нанесете го остатокот од јаболката.
На крај одозгора наросете го остатокот од сувите состојки. Маргаринот исечкајте го и наредете одозгора. Ставете го колачот да се пече во загреаната рерна и веднаш намалете на 180 степени.
Колачот се пече околу 50 минути. Оставете го колачот целосно да се излади. Одозгора наросете го со шеќер во прав, исечете го и послужете го. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: