Можеби ќе се изненадите од овој рецепт, пробајте го, ќе ви се допаднат овие мекици, одлични се за брз појадок.

Потребни состојки:

500 г полубело брашно Т-850

200 мл млеко

270 мл вода

12 г сол

1 јајце (за посни не се става јајце)

2-3 лажици ракија (лозова или сливова)

+ маст или масло за пржење

Постапка:

Полубелото брашно ставете го длабок сад, направете вдлабнатина и тука ставете едно јајце, сол и ракија. Млекото и водата помешајте ги и загрејте ги да бидат топли (или врела вода додадете во ладно млеко).

Измиксајте ги состојките, а штом почнете со миксање можете да го ставите маслото за пржење добро да се загрее. Тавата во која ќе ги пржите мекиците мора да има длабоко дно за да ја сочувува температурата.

Смесата е погуста од онаа за палачинки, но доволно течна за да може да се истура со кутлача. Ако во текот на печењето многу ви згусне, само додадете многу малку топла вода.

Овие мекици се пржат исто како палачинки, од двете страни по околу 3 минути. Боцкајте ги со вилјушка и малку исцедете ги од маслото, па ставајте ги врз хартиена салветка за да се впие вишокот масло.

Напомена: Ако правите двојна смеса внимавајте на количината на јајца. За оваа смеса е пожелно да ставите што помало јајце, а доколку ја зголемувате количината, ставете едно поголемо јајце. Ракија МОРА да се стави за да не впиваат масло.

По желба можете да ги пржите во маст. Може да ги правите и од бело брашно, но нема да бидат цврсти и крцкави како што излегуваат од полубелото брашно.