Сигурно знаете дека боровата шума е мевлем за белите дробови, а дознајте што сè може да направи чајот приготвен од борови иглички. Како за почеток, треба да знаете дека боровите листови кои се во вид на иглички, содржат 10 пати повеќе витамин Ц од лимонот.
Да, дури десетпати повеќе витамин Ц се крие во мирисните иглички на борот, отколку што се содржи во еден лимон. Особено треба да се користат зимно време, бидејќи „ја бpкаат“ настинската, поттикнуваат иcкашлување и се користат за инxaлација, пишува НМД.мк
Одамна е познато е дека особено утринските прошетки како и престојот во борова шума пружаат олеснување на лицата кои имаат проблем со дишните органи и со штитната жлезда. Од овој четинат за лековити цели се користат игличките, младите изданоци на билката, шишарките, како и смолата.
Младите иглички, како и старите, се богат извор на витамин Ц и благотворно делуваат на дишните органи, додека смолата се користи за лекување на кожни болести и ревматизам. Покрај тоа, изгличките го јакнат имунитетот, не и дозволуваат на настинката да напредува, поттикнуваат искашлување, ја ублажуваат б олката во грлото.
Игличките претставуваат богат извор на витамини и минерали. На пример, концентрацијата на витамин Ц во нив е 10 пати поголема отколку во лимонот. Од боровите иглички можете да приготвите вкусен чај за јакнење на имунитетот и ублажување на симптомите од настинка и грип, како и сируп против бронхитис, опоравувачка бања или раствор за инхалација.
Чајот од борови иглички има многу пријатен мирис и вкус, а народната медицина го препорачува против кашлица, ревматизам, заболувања на кожата, за ублажување на симптомите од настинка, за лекување на разни респираторни болести, за инхалација и сл.
Има повеќе начини за подготовка на чајот. Некои чајот го варат, 20-тина иглички во 500 мл вода, половина час, а потоа уште половина час чајот отстојува поклопено, по што се процедува. Но, ние препорачуваме да не се вари за да не се изгуби витаминот Ц.
РЕЦЕПТ 1. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 супени лажици исечкани борови иглички, 500 мл зовриена вода, сок од половина лимон и 1 супена лажица мед. ПОСТАПКА: Исечканите борови иглички прелијте ги со зовриена вода, поклопете и оставете да отстои половина час.
Процедете го чајот, па додајте лимонов сок и мед. Промешајте и пијте го овој чај по малку во текот на целиот ден. Веќе за еден ден се забележуваат резултати и огромно подобрување во здравствената состојба.
РЕЦЕПТ 2. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 мл зовриена вода, 2 мали лажички исечкани борови иглички, 1,5 лажичка јаворов сируп (15 мл). ПОСТАПКА: Изличките иситнете ги и ставете ги во шолја. додајте малку јаворов сируп, по вкус. Зовријте ја водата, па прелијте го борот, поклопете, па после 5-10 минути процедете и пијте.