Коријандерот е позната билка од медитеранскиот регион, која најчесто се користи како зачин. Припаѓа на семејството повеќегодишни растенија Apiaceae, поточно родот Coriandrum (sativum), семејство во кое припаѓа и магдоносот, па заради тоа често луѓето ги мешаат овие 2 билки.
Коријандерот, во текот на летото дава бели до светлорозеви цветови со специфична форма, налик чадорчиња, а веднаш потоа овални, ароматични светло кафени до црвеникаво-жолти семчиња, кои се користат како зачин. Од коријандерот се прави еден од највкусните зачини, а тоа е кари зачинот во комбинација со уште неколку зачински билки.
Неговите листови и стебленца имаат малку киселкаст вкус и многу потсетуваат на магдоносот. Тие исто така се користат како зачин во најразличните медитерански рецепти.
Семето, одлично оди во комбинација со јадења како зелка, печурки, риба, компири, различни супи, чорби, салати итн. Ливчињата и стеблото се користат слично како и магдоносот – се комбинираат во различни свежи салати или се додаваат поситно или покрупно исечкани, веднаш по подготвувањето на оброкот, додека е сè уште топол.
Коријандерот е нутритивно концентрирана храна со силно антиоксидативно и антиканцерогено дејство
Сите билки од семејството на коријандерот се особено богати со низа антиоксидативни компоненти. Ваквите компоненти заштитуваат од оксидативниот с трес кој може да предизвика хронични воспаленија – дијабетес, кардиоваскуларни болести, ма-лигни заболувања..
Ваквите моќни компоненти се содржат и во свежите листови, но и во семето кое се користи како зачин. Низа научни студии го утврдуваат силниот антиинфламаторен ефект на коријандерот.
Коријандерот содржи едни од најзначајните антиоксидативни фитохемикалии кои се наоѓаат во семето, листовите и стеблото како апигенин, терпинен, кверцетин, кампферол, кафеична и хлорогенична киселина, токоферол, бета каротен, зеаксантин, лутеин, бета криптоксантин.
Коријандерот содржи витамин А и Ц. Антиоксидантите во коријандерот имаат имуностимулирачко, невропротективно, антиканцерогено дејство. Свежиот коријандер е нутритивно концентрирана храна, односно има многу малку калории, а висока хранлива вредност.
Содржи: витамин К, Ц, А, калиум, железо, калциум, холин, манган, фолна киселина (витамин Б9), многу други нутриенти во нешто помали количества (фосфор, магнезиум), одлично количество растителни влакна, како и моќни фитохемикалии – камфор, елемол, линалол, лимонен, борнеол, карвон..
Помага во намалување на шеќер
Семето од коријандер може да придонесе за намалување на шеќерот. Всушност, лицата кои имаат низок шеќер или оние кои земаат терапија за дијабет, мораат да внимаваат на внесот на овој зачин, бидејќи има силна ефикасност во намалувањето на глукозните нивоа.
Подобро дигестивно здравје
Истражувањата покажуваат дека семето од коријандер може да делува како релаксирачки агенс за мускулите во дигестивниот тракт и значително да ги олесни симптомите на синдромот на нервозни црева, како и на одредени нарушувања на цревната микрофлора.
Една студија со па циенти кои стра-дале од IBS, покажува дека земањето хербални медикаменти на база на коријандер, значително ги намалува најчестите непријатни симптоми на IBS, како стомачни б олки, га-дење, пов-раќање, гасови..
Го одржува здравјето на срцето
Редовното консумирање на оваа билка може да биде од корист и за здравјето на срцето. Ваквото својство се должи пред сé на богатиот (флавоноиден) антиоксидативниот состав на семето и листовите на коријандерот, но и на неговата содржина витамин Б9, витамин К, минералите калиум, магнезиум, како и растителните влакна.
Според некои истражувања на голем број испитаници, пронајдена е релација помеѓу зголемениот внес на витамин Б9 од храната и намалениот ризик од кардиоваскуларни заболувања, за дури 40%.
Недостатокот од овој витамин може да води кон зголемен ризик од срцеви заболувања и до над 50%. Фолната киселина е исто така клучен нутриент за време на бременоста.
Се смета дека механизмот според кој витаминот Б9 делува заштитувачки на срцето е тоа што го намалува нивото на аминокиселината хомоцистеин, чие зголемено ниво се поврзува со оште-тување на структурата на кр-вните садови.
Коријандерот придонесува за поздраво срце и преку неговиот потенцијал да го подобри липидниот статус (холестерол и масти во кр-вта), но и да го намали кр-вниот притисок.
Всушност, утврдено е дека семето од коријандер дејствува и како диуретик, овозможува полесно ослобување на натриумот (солта) и течностите од организмот, со што значително може да помогне за намалување на кр-вниот притисок.
Покрај тоа, со зачинувањето на храната со зачини како што е коријандерот, значително се намалува потребата за солење. Коријандерот влијае во намалувањето на „лошиот” LDL и зголемувањето на „добриот” HDL холестерол во кр-вта.
Одличен зачин за здрави очи
Лутеинот, бета каротенот и зеаксантинот се трите главни каротеноидни антиоксиданти на коријандерот кои делуваат заштитувачки и го одржуваат здравјето на очите. Студиите докажуваат дека лутеинот и зеаксантинот можат да превенираат од макуларна деградација, неизлечива очна болест.
Бета каротенот може да се конвертира во витамин А во организмот на човекот. Со секојдневната употреба на коријандер, значително се задоволуваат потребите за витамин А.
Коријандерот ги одржува кос-ките поздрави – поради солидните количества витамин К, но и минерали, како калциум, манган и магнезиум. Служи како превенција од инфламаторни заболувања – одредени видови кан-цер, артритис, срцеви заболувања, дијабет.
Редовната употреба на коријандерот може да придонесе за превенција од некои невродегенеративни заболувања – Алцхајмер, Паркинсон, како и за поздрава кожа – исто така поради моќното антиоксидативно дејство.
Антимикробен ефект – коријандерот содржи одредени антимикробни компоненти, па така често се додава во храната која е подложна на специфични расипувања. Помош при уринарни инфекции – токму поради антимикробниот, односно антибактерискиот ефект.
Коријандерот го лекува дијабетесот за 2 месеци – рецепт за чај
Оваа билка може да помогне во лекувањето на дијабетесот и целосно да го излечи. Монголски рецепт кој се верува дека го намалува шеќерот за 2 месеци. Со овој чај ќе се заштитите од дијабетес, дури и ако сте генетски предодредени да ја добиете болеста.
Потребни состојки: 10 г ситно исечкан или сомелен коријандер, 200 мл зовриена вода.
Постапка: Билката ставете ја во зовриена вода и поклопете го садот да отстои 3 минути. Процедете го чајот, а добиената количина поделете ја на три дела: Секоја третина од чајот испијте ја 20 минути пред трите главни оброци во текот на денот.
Терапијата трае 2 – 3 месеци. Кај хронично болни, овој рецепт значително го намалува нивото на шеќер во кр-вта, а кај почетниот дијабетес, доведува до целосно излекување. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска