Виолетовата украсна детелина потекнува од фамилијата Оксалис (Oxalis triangularis) а со своите убави и нежни листови и цветови освојува и краси сè повеќе домови. Меѓутоа, не е само одличен избор за прозори и куќи, туку и за балкони и градини.
Потекнува од Бразил, а нејзините темновиолетови светови се затвораат во текот на ноќта.
Како се негува? Бара светлина и влажно земјиште. Доколку ја чувате во надворешни услови, обезбедете и доволно светлина, но имајте на ум дека најмногу и одговара температура од околу 15 степени.
Може да толерира и повисоки температури, меѓутоа мора да се води сметка, бидејќи доколку преминат над 27 степени, листовите ќе свенат и билката нема веќе да биде свежа и убава. Полевањето треба да биде ретко, што значи мала количина на вода, одвреме-навреме.
Украсната детелина расте од луковица и се размножува со нивна делба. Како и останатите луковици и оваа детелина има периоди на мирување, а на крајот од таквиот период можете да ги извадите луковиците од земја, да ги одвоите страничните чешниња и да ги засадите во одговарачка земја, па ќе добиете нови билки.
Билката е отпорна на болести, а од штетници може да заболи од растителни вошки. Оксалис може да се чува како поединечна собна билка, но може да се сади и во поголеми саксии или жардиниери заедно со некои други цвеќиња како што се бегониите на пример.
Многу декоративно делува во комбинација со различни билки, особено поради виолетовата боја на листовите. Бидејќи станува збор за детелина, па се смета дека оваа билка носи СРЕЌА особено затоа што има четири ливчиња.
Затоа, со оваа преубава украсна детелина не можете да погрешите. Всушност постојат различни украсни детелини. Овој вид опфаќа повеќе видови на полугрмушкасти и зелјести растенија кои потекнуваат од Јужна Америка.
Можат да имаат троделни или четвороделни листови во зелена, темно виолетова или комбинација од двете бои и цветови во бела, жолта и повеќе нијанси на розова боја. Повеќето видови цветаат цело лето, но се сретнуваат и такви кои цветаат во зима.
Насадете ги на сончево место во саксии или во градината. Во лето редовно полевајте ги бидејќи сакаат влага.
Во есен постепено намалете го количеството вода, а во зима кога билките мируваат, воопшто не ги полевајте. Тогаш ќе ги изгубат листовите, но во пролет ќе излезат нови и растението брзо ќе почне да се развива.
Додека е периодот на цветање редовно прихранувајте ги со ѓубриво за растенија кои цветаат, а кои можете да ги најдете во секоја земјоделска аптека. Видовите кои имаат ризом се размножуваат со делење на кореновиот систем во септември.
Новите растенија ќе закоренат за околу 4 недели. Оние кои немаат ризом се размножуваат со резници, по 3-5 заедно. сите украсни детелини се убави и декоративни, затоа и вие обезбедете си една билка за вашиот дом.