Многумина од нас цел живот се обидуваме да пронајдеме некое универзално средство за отстранување на дамки од облеката, без да знаеме дека истото можеме да го направиме со сопствени раце во домашни услови.
Овојдомашенпрепарат ги отстранува дамките од различно потекло и може да им конкурира и на најскапите купечки средства со иста намена.
Но што е најважно, без хемикалии кои би можеле да предизвикаат алергиски реакции.
Рецептот е многу едноставен, бидејќи се’ што е генијално, често е на дофат раце.
За приготвување на овојдомашенотстранувач на дамки, ви се потребни само три состојки: вода,содабикарбона и хидроген 3%.
Потребни состојки:
1 чаша зовриена вода
½ чаша сода бикарбона
½ чаша хидроген 3% (од аптека)
Постапка:
1.Сода бикарбоната прелијте ја со зовриена вода.
2.Причекајте да се излади а содата целосно да се раствори, па тогаш додадете го хидрогенот.
3.Убаво промешајте па добиената течност префрлете ја во сад со распрскувач.
Вашиот отстранувач на дамки е готов!
Употреба:
1.Добро испрскајте ги дамките на сува облека и оставете средството да делува околу 5 минути.
2.Уште подобро, доколку дамките ги истриете со некоја стара четка за заби која ќе ја натопите во отстранувачот.
3.Ако дамките се тврдокорни или многу стари, тогаш добро истријте, оставете малку да отстои, исплакнете и повторете ја постапката уште 2-3 пати.
4.Вака третиранитеалиштасо дамки исперете ги вообичаено, вомашинаили рачно.
Пробајте и споделете ваши искуства!