ЗА ПОДОБРА ЦИРКУЛАЦИЈА

Потребни состојки за една доза:

50 цветчиња невен

100 г рузмарин

100 г кантарион

100 г мајчина душичка

100 г семе од коприва

1 литар појака ракија

Подготовка:

Сите состојки се мијат и ситно се сечкаат па заедно со ракијата добро се затвораат во стаклена тегла.

Се остава 15 дена на сонце или топло место, а секој ден се промешува неколку пати.

Се процедува низ цедалка или газа па се складира во стаклено шише.

Како треба да се употребува маслото:

Употреба:се консумира по една супена лажица наутро на гладно и навечер пред спиење.

Дејство:тинктуратаoвозможува подобра снабде­ност на ткивата со кислород, ја намалува вискозноста на крвта, склоноста за слепување на тромбоцитите, ја намалува мож­носта за создавање на тромб, делува на отпорноста и е­ластичноста на крвните садови, ја намалува нивната про­пустливост, ги отстранува болките во нозете, ги намалува отоците, чувството на трнење…

Исто така го намалува и нивото на триглицериди и холе­стерол во крвта и поволно влијае на функцијата на црни­от дроб.