Загорувањето на маснотиите е неизбежна појава со која видно се огрдуваат садовите, а нејзиното отстранување, па дури и со помош на скапите детергенти, не е секогаш лесно.
Меѓутоа, постои еден проверен рецепт за ваквите случаи. Само две состојки ви се потребни за приготвување на оваа чудо-паста.
Освен загорените маснотии на садовите, со неа можете да чистите апсолутно се’ во вашата кујна – шпорет, рерна, лонци од нерѓосувачки челик, шерпи, па дури и белите рачки на шпоретот.
Оваа домашна паста е апсолутно безбедна, а се приготвува за само неколку секунди. Рецептот е многу едноставен.
Бидејќи, се’ што е генијално, всушност е многу едноставно и достапно, на дофат.робови ќе бидат чисти!
– Подготовка:
ПАСТА ЗА ЧИСТЕЊЕ.РЕЦЕПТ:
За нејзино приготвување ќе ви биде потребен 3% хидроген (кој можете да го купите во аптека).
Во една чинија ставете ¼ чаша сода бикарбона и додадете хидроген. Мешајте. Додавајте толку, за да добиете хомогена смеса –паста.
Многу е едноставно, но ќе добиете моќно средство во борбата против загорените маснотии и нечистотија.
КАКО СЕ КОРИСТИ:
Ако сакате да ја исперете загорената маснотија од шерпата, тавчињата или тепсијата – само нанесете од пастата на проблематичните површини, и оставете да делува околу 30-тина минути.
Потоа исплакнете ја кората која се создала, а заедно со неа и нечистотијата. Повеќе нема потреба од мачно триење!
На садовите од нерѓосувачки челик, оваа паста им го враќа првобитниот сјај. Нанесете од пастата со сунѓер и добро исчистете. Исплакнете. Лесно!
Со оваа паста можете да го чистите шпоретот, рерната, па дури и белите рачки од шпоретот.
Нанесете помала количина од пастата на сунѓер или стара четка за заби и протријте. И тоа е тоа!
Пробајте со оваа паста да ги исчистите плочките во кујна или купатило, лавабото, вратата од туш-кабината…
Ќе бидете задоволни. Брзо, едноставно и безбедно!