Ако сте пушач повеќе од пет години, сигурно чувствувате последици од оваа нездрава навика.

Бронхитисот, како и пушачката кашлица е сигурно нешто со што се борите, а постои рецепт кои може да ги олесни тие проблеми.

Секако, најдобро што може да направите е да ги оставите цигарите, но додека не се одлучите на тој чекор, пробајте го овој рецепт.

Потребно ви е:

*Ѓумбир, кој ќе ви помогне да се ослободите од секретот во грлото.

*Лук и кромид, кои имаат силни антиканцерогени својства, па се одлична превентива од малигните болести.

Лукот е особено ефикасен во превенцијата на респираторните инфекции.

*Куркума, преполна со витамини, минерали и омега 3 масни киселини.

Рецепт:

400 грама кромид, едно чешне лук

1 литар вода

2 лажички куркума

Парче ѓумбир со големина колки палецот

Подготовка:

Во водата ставете шеќер и оставете малку да се вари водата. Додадете го кромидот исечен на поголеми парчиња и ѓумбирот кој сте го изрендале или исецкале на помали парчиња.

Кога мешавината ќе зоврие, додајте ја и куркумата, намалете ја температурата и оставете уште малку да се вари.

Варете додека смесата не се преполови количински, а потоа исцедете и течноста префрлете ја во стаклена тегла. Оставете смесата да се олади на собна температура, а потоа префрлете ја во фрижидер.

Примена:

Консумирајте по две лажички наутро на празен стомак и два часа после вечерата.