Некои нови чупавци обвиткани со бело чоколадо и ливчиња од бадем. Може да бидат достојна замена за торта така што ќе се наредат едно до друго.

Потребни состојки:

3 јајца

50 г шеќер

100 мл масло

100 мл млеко

150 г пченично остро брашно

½ прашок за печиво

1 ванилин шеќер

За крем:

200 мл млеко

200 г бело чоколадо

150 г путер

2 лажици пина колада (или некој друг ликер од кокос)

120 г кокосово брашно

100 г бадеми во ливчиња

Постапка:

Жолчките и шеќерот пенасто изматете ги.

Додадете масло, млеко, брашно помешано со прашок за печиво и ванилин шеќер.

На крај полека додадете го снегот од белки, мешајќи во една насока со превртување за да остане воздушесто.

Смесата излејте ја во намастена и набрашнета тепсија, па печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Изладениот бисквит исечкајте го на коцки.

Млекото и чоколадото искршено на коцки загрејте ги на тивко или на пареа, а потоа додадете путер и загрејте до вриење.

Тргнете од оган и додадете ликер со кокос.

Коцките натопувајте ги во чоколадото и валкајте во смеса од кокос и бадемови ливчиња.

Изладете пред послужување.