СОВРШЕНО СЛАТКО ОД СМОКВИ: Најубавото слатко со боја на килибар. Слаткото од смокви е едно од омилените, а во зависност од вкусовите, некои го преферираат она од зелени смокви, а некои од зрели. Следниот рецепт се приготвува од неизлупени смокви. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг смокви, 1 кг шеќер, 200 мл вода, 1 лимон, 1 кесичка лимонтус. По желба неколку ливчиња од сарделата „слаткарче/лезетра“ или ванилин шеќер.
Ова е основната пропорција доколку работите со поголема количина од 2,3 или 4 кг, користете што е можно поголемо тенџере за да не ви се распаднат смоквите. Слаткото побрзо ќе го зготвите во поголемо тенџере.
Напомена: Ова слатко направено од неизлупени смокви не треба да се готви долго бидејќи за речиси 24 часа ќе се зашеќери, па затоа се вари онолку колку што е доволно, а сирупот да остане малку поредок.
Благотворното дејство на смоквите започнува од лечење на акни и мозолчиња до превенција од pак. Смоквите се богати со бета каротен, витамини А, Ц, Е и К, калциум, железо и други минерали.
Смоквите имаат многу повеќе лековити својства, затоа искористете ја сезоната на ова овошје за да го конcyмирате свежо и да го подготвите ова вкусно слатко. Еве ја постапката:
ПОСТАПКА: Смоквите проверете ги дали се во цврста состојба, отстранете им ги дршките и 3-4 пати боцнете ги со чепкалка. Една кесичка лимонтус растворете ја во една чаша ладна вода. Со овој раствор испрскајте ги смоквите.
Потоа додајте ладна вода доволна за да ги прекрие смоквите во садот. Оставете ги вака да отстојат 20-тина минути, односно додека го приготвувате сирпот во кој потоа ќе го варите слаткото.
За сируп: во 1 килограм шеќер додајте 200 мл вода, па ставете на силен оган за да се растопи шеќерот. Сирупот треба да добие густина на мед. Процедете ги смоквите од растворот, а потоа додајте ги во сирупот.
На почетокот смоквите гответе ги на силен оган, а потоа можете да ја намалите температурата. Овој вид на смокви е доста чест, имаат црвена боја и не се многу крупни. При берењето бирајте поцврсти плодови кои не се сосем зрели.
Тенџерето повремено протресувајте го и кога ќе проврие, собирајте ја пената од површината која ќе се насобере и ќе стане густа. Не смее да остане воопшто пена, а при собирањето внимавајте да не го собирате и сирупот.
Кога слаткото е при крај со готвењето, исклучете ја ринглата и соберете ја преостанатата пена. Потоа проверете ја густината на сирупот со капнување на капка на дрвена подлога, па доколку остане во едно парче (не се разлева), значи дека е готово.
Додајте тркалца од лимон со отстранети семки додека слаткото е врело и притиснете ги малку со лажичката одозгора за да се натопат во сирупот. Додајте 2-3 листови лезетра-слаткарче или ванилин шеќер.
Покријте го слаткото со влажна крпа и вака оставете го да се олади до следниот ден. Ладното слатко собирајте го во ладни тегли. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „СЛАТКО И ЏЕМ ОД ЗРЕЛИ СМОКВИ: За мене слаткото, за децата џемот“ – ОВДЕ.
СЛАТКО И ЏЕМ ОД ЗРЕЛИ СМОКВИ: За мене слаткото, за децата џемот