СОВРШЕНА ОБЛАНДА…Додека се свртиш, а веќе цела ја изеле…Овој вкус никој не го заборава…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Прва кора:
1 лист обланда
6 белки
6 лажици шеќер
2 лажици брашно
120 г кокос

Втора кора:
1 лист обланда
6 белки
6 лажици шеќер
2 лажици брашно
150 г мелени лешници

Фил:
12 жолчки
250 г шеќер
250 г маргарн или путер, на собна Т
100 г плазма или нешто друго по ваш избор

ПОСТАПКА

1.Белките пенасто изматете ги во цврст снег со постепено додавање на шеќерот. Потоа додајте брашно и кокос, па промешајте со лажица за да остане пенливо. Распоредете врз лист обланда и печете 10-тина во загреана рерна на 200 степени.

2.Додека се лади првата кора, на ист начин подгответе ја и втората кора, само наместо кокос додајте лешници.

3.Пенасто изматете ги жолчките со миксерот додека да станат кремасти. Потоа 15-20 минути варете ги на пареа додека да згуснат. Кога ќе се олади кремот соединеете го со пенасто изматен путер. Додајте плазма и промешајте.

ФИЛУВАЊЕ: прва кора, фил, втора кора. Оптеретете ја обландата со нешто тешко и оставете во фрижидер пред сечење и послужување.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.