Совршена летна салата која се приготвува од вкусни и здрави состојки. Оваа салата може да биде прилог и оброк. Ќе ви одземе само малку време за приготвување, а кога добро ќе излади во фрижидер ќе уживате во финиот, лесен вкус.
Потребни состојки:
300 г пилешко филе
сув зачин по вкус (вегета)
1 тврдо варено јајце
масло
200 мл густ јогурт или (обичен + 2 лажици кисела павлака)
3 чешниња лук
2 раце мелени ореви
½ марула + неколку листови за декорација
1 краставица
сол, црн пипер по вкус
малку сирење околу 80 г
препечен сусам
Постапка:
Најпрво пилешкото месо сварете го во вода и зачинете го со сув зачин или коцка за супа за да биде повкусно. Во друг сад ставете да се вари едно јајце.
Вареното пилешко месо исечкајте го на ситни коцки, па ставете го во чинија. Додадете околу 2 полни раце мелени ореви.
Краставицата исечкајте ја на ситни коцки, марулата, јајцето исто така, а сирењето изрендајте го. Лукчето исечкајте го најситно што можете, па додадете малку масло, посолете и запиперете.
На крај додадете го густиот јогурт и убаво промешајте за да се изедначат состојките. Салатата оставете ја во фрижидер убаво да излади, а потоа сервирајте ја врз неколку листови свежа марула.
Одозгора наросете малку препечен црн сусам. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: