Рецепт и видео прилог на Мои Домашни Рецепти: Чоколадна торта која мора да ја пробате – Совршена за моменти на уживање
Потребни состојки: 4 јајца, 150 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 200 мл масло, 200 мл млака вода, 22 супени лажици брашно, 12 г прашок за печиво, се приготвува во плех со димензии 25х40 см.
Потребно е и малку путер за премачкување на плехот. Колачот се пече на 180 степени, 40 минути. За чоколаден прелив: 200 мл слатка павлака, 200 мл млеко, 2 лажици чоколадо во прав и 150 г чоколадо за готвење.
Постапка: Јајцата пенасто изматете ги заедно со шеќерот и ванилата. Матете 5 минути додека смесата да згусне и побели. Потоа додадете 200 мл масло, 200 мл млака вода и 22 лажици брашно просеани заедно со еден прашок за печиво. Промешајте со жица за матење додека да се изедначат состојките.
Смесата излејте ја во добро намастен ( со путер) плех со димензии 25х40 см. Израмнете со протресување и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути. Проверете со чепкалка дали е печено. Печената кора оставете ја да излади.
Во едно тенџере ставете 200 мл слатка павлака, 200 мл млеко и 2 лажици чоколадо во прав, па промешајте. Загревајте на тивок оган и додадете 150 г чоколадо за готвење искршено на коцки. Мешајте додека убаво да се растопи чоколадото.
Изладениот пандишпан исечете го на коцки, па рамномерно прелијте го со топлиот чоколаден прелив. Колачот оставете го еден час во фрижидер за да го впие преливот и добро да излади. Деталите погледнете ги во видео прилогот:
https://youtu.be/12XRPzuA5Pg