Отсега ќе можете без грижи да стоите пред шпоретот. Многумина го одбегнуваат пржењето во тава, не само поради тоа што пржената храна впива доста масло, туку и затоа што прска наоколу и го валка шпоретот.




Меѓутоа, колку и да го одбегнуваме овој начин на готвење, сепак, постојат некои омилени ладења кои токму на овој начин се приготвуваат и кои повремено сакаме да си ги дозволиме на нашето мени.




Меѓутоа, додека пржиме месо, пиперки, компирчиња или нешто друго, се случува да прсне врелото масло и да ја извалка плочата. За среќа постојат неколку мудри совети од искусните домаќинки, кои ќе помогнат ова да стане минато.




Овој многу лесен и едноставен трик е доста ефикасен, а ретко кој го знае. Имено, тајната состојка која помага во различни ситуации во кујната – е солта. На пример, сол се става во водата која сакаме побрзо да зоврие. Сол се става и на местото на кожата кое сме го изго-риле или пов-редиле.




Па така, малку сол се става и во маслото во кое планираме да пржиме. Штом во тавата ставите масло за пржење, додајте и прстофат сол (мах до половина лажичка во зависност од количината) пред тоа да се загрее, пишува НМД.мк




Покрај додавање на сол во маслото, исто така, многу е важно намирниците што планирате да ги пржите, добро да ги избришете од вода или влажност, затоа што токму комбинацијата од влага и масло доведува до прскање.




Ако се тоа компири за помфрит, откако ќе ги исечете измијте ги со ладна вода, исцедете ги, а потоа завиткајте ги во памучна крпа и убаво натапкајте ги за да се собере од нив целата влага.




Исто се постапува и со останатите намирници. За собирање на влагата користете памучна крпа или хартиена салветка. Откако ќе ги избришете намирниците, потребно е да ги спуштите во врелото масло, но со помош на шпатула, од што помала висина.




За да ви остане кујната што почиста после пржењето, важно е тавата во која пржите да не е преплитка, зошто на тој начин постојано маслото ќе ви претекува надвор од неа. Значи, користете подлабока тава или тенџере.




Единствено кога правите пржени тиквички, крцкави како чипс – неважат гореспоменатите совети. Имено, ако сакате да направите крцкав чипс од тиквички, истите се потопуваат во ладна вода и веднаш се спуштаат во врелото масло. Еве како:




РЕЦЕПТ: тиквичката исечкајте ја на колку можете потенки кругови. Секое крукче набрашнете го убаво од двете страни, а потоа кратко потопете го во чаша или длабока чинија полна со ладна вода и веднаш спуштајте ги во врелото масло.

Се пржат многу кратко во длабоко масло, и се вадат врз хартиена салветка. Не прскаат додека се пржат, а излегуваат крцкави како чипсот од компир.