Корона вирусот го тресе целиот свет, а средствата за дезинфекција станаа едно од најбараните производи за заштита од вирусот.
Одржувањето на хигиената и чистите простории се многу важни за спречување на ширењето на вирусот, па ова се некои совети за тоа како да направите природно средство за дезинфекција.
Се напоменува дека потребно е почесто проветрување на просториите во кои престојувате, бидејќи со циркулација на воздухот се отстранува потенцијално ифективната прашина.
Треба редовно да се чисти и дезинфицира работната маса и останатите површини, како и предметите со кои секојдневно ракувате, како што се работното биро, тастатурата и маусот на комјутерот, кваката или мобилниот телефон.
Овој спреј ги уништува вирусите и бактериите, а потребни ви се само оцет, вода и лимон.
Познато е дека оцетот измешан со вода е универзално средство за чистење во кујната и бањата. Сепак, некои не го преферираат мирисот на оцетот, па затоа се додава и лимон.
За да се разблажи силниот мирис на оцетот, додадете во раствор со однос од 50:50 и неколку парчиња лимон исечкан на мали парчиња.
Идеално е оваа течност да ја оставите две седмици додека мирисот од оцетот да се намали. Исто така, ако сакате да ја забрзате постапката, можете наместо лимон да користите етерично масло.
Ароматерапиското дезинфекциско средство лесно можете да го направите сами во домашна варијанта на следниот начин:
Во шише со распрскувач ставете 1/3 алкохолна киселина со 2/3 дестилирана вода. Во вака приготвената мешавина додадете 10-15 капки етерично масло од лимон. Освен за дезенфикција на просторот, овој спреј можете да го користите и за дезинфекција на рацете.
Да повториме -Дезинфекција против корона вирусот:
-со 20 секунди миење на рацете, со сигурен сапун со pH поголема од 9,5 или 60 до 70% процентен алкохол, 60 секунди.
-Марамчињата за дезинфекција не се препорачливи. Тие може да се користат единствено за отворање и затворање на врати, доколку немате ракавици за еднократна употреба.
-Сите соединенија базирани на хлор се ефикасни (варикината е помалку ефикасна од доместос).
-Персинска киселина исто така. Водород пероксид – непознат ефект и без препорака каква концентрација. УВ светлина површини кои не ја опфаќаат кожата.
-Испрскајте ги вратите со 70% етанол.
-Пребришувајте по дома со раствор во кој ќе има Доместос.
-Маските може да се стерилизираат со пеглање ако дојде до целосен недостиг и не можат да се купат.