СОЛЕНКИ КОИ СЕ ТОПАТ ВО УСТА…Многу брзо се прават, превкусни се и излегуваат многу…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
125 г маргарин
1 чаша масло (200 мл)
1 белка
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за печиво
1 лажица шеќер во прав
1 лажица скроб/ниѓесте/густин
2 лажици оцет
3.5 чаши брашно
1.5 лажица црно семе/ким
1.5 лажица сусам
За премачкување:
1 жолчка, црно семе/ким/сусам
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад сипете ги сите потребни состојки, освен брашното. промешајте за да се соединат, па додајте ги семињата. Откако и нив ќе ги промешате, започнете постепено да го додавате брашното.
2.Замесете со рака за да добиете фино, меко и компактно тесто.
Треба лесно да се обликува. Кинете од тестото и обликувајте топчиња. Потопувајте ги од едната страна во разматена жолчка, а потоа и во семе (или мешавина од семе).
3.Редете ги во плех обложен со хартија и печете ги 20-25 минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.