Потребни состојки:
1 кг меко брашно
400 мл масло
500 мл млеко
1 свеж квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
Уште е потребно:
150 г салама или шунка
2 жолчки
сусам, ким
Постапка:
Во топло млеко ставете квасец и шеќер, почекајте квасецот да се активира па додадете брашно, сол и масло па замесете меко и мазно тесто.
Од тестото правиме мали топчиња со величина на орев и ги редиме на маса да отстојат 15-тина минути.
Од секое топче со оклагија развлекуваме овална коричка, редиме тенки листови салама и ја виткаме соленката како пура.
Соленките ги редиме во плех обложен со хартија, ги премачкуваме со жолчка, наросуваме со ким или сусам, по желба, па ги печеме во рерна на 180 степени околу 20-тина минути додека да добијат убава боја.