Потребни состојки:
150 г путер/маргарин
100 г домашна свинска маст
2 јајца
1 прашок за печиво
100 мл млеко
450 г брашно
1 полна лажичка сол
Малку тврдо сирење/кашкавал
Постапка:
Изматете го путерот, маста со едно јајце, една белка и 100 мл млеко. Додадете 1 полна лажичка сол, прашок за печиво и брашно. Замесете тесто.
Од тестото развијте кора со дебелина од околу 1 см, премачкајте со жолчка разматена со две лажички млеко.
Одозгора изрендајте сирење, наросете сусам, сечете стапчиња и печете на 190 степени додека да поруменат.