Во продавница може да се купат разно-разни солени грицки со широка палета на вкусови. Меѓутоа, сите знаеме дека индустриските грицки се преполни со тpaнc маcти, а особено штeтни адитиви, конзepванси и вештачки заcилyвачи на вкусови. Затоа, нема ништо поубаво од домашно приготвените грицки.

рецепт 1 (солени, посни галети – Верица Николиќ)




Доколку не сте ги испробале овие солени кекси со пиво, тогаш запишете си го рецептот и во следната пригода направете ги. Постапката е многу едноставна, слична на старинските вафли или галети: во еден сад замесувате тесто, а потоа кинете мали парчиња, правите мали топчиња и ги печете во апаратче за галети или на тостер. Ќе ви предложиме два рецепти, еден на Верица Николиќ и вториот на Бранка. Еве што ви е потребно:

рецепт 1 (солени, посни галети – Верица Николиќ)




РЕЦЕПТ 1 (на Верица Николиќ) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г брашно, 200 мл масло за готвење, 125 мл пиво (било какво), 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г), 1 мала лажичка сол, 30 г сусам, 30 г ленено семе

рецепт 1 (солени, посни галети – Верица Николиќ)




рецепт 2

РЕЦЕПТ 2 (на Бранка) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: приближно 800 г брашно тип 400, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 3 мали лажички сол, 400 мл пиво, 200 мл масло, 50 г ленено семе, 70 г сусам. По желба во основното тесто можете да додавате и семе или семки по ваш вкус.




ПОСТАПКА за рецепт 1: во подлабок сад сипете го брашното, додајте прашок за печиво, сол, сусам и ленено семе, па промешајте. Сипете масло и пиво, па замесете смеса. Правете топчиња и печете ги (приближно по 3 минути) во апарат за бабин колач или тостер. Од оваа смеса добив 25 галети. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Во еден подлабок сад најпрво ставете ги течните состојки, пивото и маслото, па додајте ја солта и промешајте додека таа да се растопи. Потоа додајте го сусамот и лененото семе, па уште малку промешајте со лажицата.




Во оваа мешавина започнете постепено да го додавате брашното. Приближно ќе ви бидат потребни 800-тини г брашно, но тоа најмногу зависи од самото брашно (како ја впива влажноста). Во брашното промешајте го и прашокот за печиво.




На почетокот мешајте со лажица додека брашното да ги впие течностите, а кога тестото ќе згусне, започнете го месењето со рака. Треба да се меси неколку минути додека да стане изедначено, компактно и мазно.




Кинете мали парчиња од него и формирајте топчиња. Додека ги формирате топчињата, вклучете го апаратот за галети да се загрева. Топчињата правете ги со големина на орев. Кога ќе се загрее апаратчето, само наредете ги топчињата и поклопете ги со тостерката.




Се печат по неколку минути додека малку да заруменат. Во тестото може да додавате ким, црно семе, семки од тиква, семки од сончоглед, ситно сечкани кикирики и др. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.