Не може да помине ниту една свеченост, роденден, слава или прослава а на трпезата да нема вакви солени торти и солени ролати. Едноставно, сите ги обожуваат.
Потребни состојки за голем плех од рерна (40х30 см), се печат три кори по:
4 јајца
½ лажичка сол
200 мл јогурт
4 полни лажици меко брашно
½ прашок за печиво
и уште за третата кора 6 плочки замрзнат спанаќ или 150 г свеж, бланширан.
За фил:
500 г ситно сирење
200 г кисела павлака
6 кисели краставички или 2 големи кисели пиперки
200 г печеница, а може и 300 г димен врат или шунка
200 г мајонез + 100 г кисела павлака + 150 г кашкавал, малку сол по потреба
Постапка:
Вклучете ја рерната на 200 степени. Изматете ги пенасто белките па додадете жолчки и сол и повторно изматете. Потоа додадете брашно и прашок за печиво, соединете со жица и печете во обложен плех со хартија околу 15-20 минути, во зависност од рерната.
Постапката повторете ја уште еднаш, за уште една жолта кора.
Ако сакате црвена, може да додадете половина лажица мелен црвен пипер, па така ќе добиете пошарена торта.
За третата кора постапката е иста, само што на крај додавате одмрзнат спанаќ, исцеден од водата.
Печените кори оставете ги целосно да изладат.
Измешајте павлака со ситно сирење и малку посолете.
Исечкајте ситно печеница, димен врат или шунка, ситно исечкајте краставици или пиперки, па додадете ги во павлаката и сирењето, па сето добро промешајте го.
Врз првата кора нанесете половина од филот, па поклопете со зелената кора, нанесете го остатокот од филот и поклопете со жолтата кора.
Изматете мајонез и павлака, малку посолете и премачкајте преку последната кора. Одозгора изрендајте кашкавал. Оставете преку ноќ во фрижидер, па следниот ден сечете на коцки.