СОЛЕНА ПОСНА ТОРТА – декоративно и вкусно ладно предјадење. Рецепт на Даниела од каналот „Лесно е да се готви“. Вкусна ладна торта која е убава и наредниот ден, покрај тоа лесно се подготвува и има убава, совршена декорација.
Потребни состојки: 350 г посни крекери, 200 г посен мајонез, 150 г посен маргарин, 2 лажички сенф, 100 г сусам, 100 г солени, печени или пржени кикирики, 2 лажички ајвар (а може да користите и кечап), 3 мали кисели краставички, 2 мали кисели пиперки, 2 компири, 2 моркови, 150 мл обична вода или вода од туршија/кисели краставички.
Покрај тоа, ќе ви треба сол кој се додава по потреба и вода за варење на морковите и компирите. Постапка: Морковот се лупи и се сечка на многу ситни парчиња, па се додава во тенџере. Потоа исто и компирот се лупи и се сечка на мали коцки, и се додава во тенџерето со морковот.
Одозгора се прелива со вода додека да ги прелие морковот и компирот и се става на готвење на средна температура, околу 7-10 минути. Ова време е доволно за зеленчукот да омекне, а доколку оставите повеќе да се готви ќе се направи како каша.
Останатиот зеленчук, пиперките и киселите краставички ситно се сечкаат. Маргаринот, претходно отстојан на собна температура, убаво се мати со миксер, а потоа во него се додава мајонезот и се продолжува со матење до соединување.
Од оваа смеса, издвојте 3-4 супени лажици и тргнете настрана. Овој дел ќе биде за премачкување на тортата. Во поголемиот дел од смесата додајте го мајонезот и повторно изматете со миксер во еднолична смеса.
Исцедете ги морковот и компирот од топлата вода и додајте во нив 1 чаша ладна вода и посолете ги по вкус. Понатаму, сомелете ги кикириките во блендер, а сусамовите семки испржете ги или испечете ги. Потоа од зготвениот сусам издвојте 2-3 супени лажици и тргнете ги настрана за декорирање на тортата.
Во остатокот од смесата додајте ги кикириките и сусамот, и издвојте уште 1/3 од смесата настрана за филување. Во другите 2/3 додајте ги киселите пиперки и краставички, измешајте, а потоа исцедете ја ладната вода од морковот и компирот, па додајте го зеленчукот во салатата.
Измешајте се и пробајте од салатата во случај да недостига сол. Во првата смеса која претходно ја одвоивте додајте го ајварот или кечапот и со оваа смеса ќе добиете пикантен изглед на тортата. Крекерите потопувајте ги во течноста од туршија/кисели краставички/обична вода и наредете неколку, колку што ви собира во чинијата за послужување.
Одозгора премачкајте со половина од филот со кисели краставички и други состојки и добро распоредете. Одозгора редите уште еден слој натопени крекери, па редите со филот од ајвар. Потоа уште еден слој крекери (натопени во вода), па втората половина од филот.
На крајот, може да завршите со премачкување на смесата која претходно ја тргнавте со основниот фил или наредете четврт слој крекери и врз нив премачкајте ја последната смеса, така направив јас.
Убаво премачкјате ја целата торта, израмнете, па наросете ја со сусам или со издробени кекси, доколку ви останале вишок. Се разбира, тортата можете да ја декорирате и по ваш избор, со магдонос, морков, краставички, варена пченка..
Тортата оставете ја да отстои еден ден во фрижидер за да можат крекерите убаво да омекнат, тогаш најубаво се сече. Деталите околу подготовката на оваа солена торта можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
Прочитајте го и следниот рецепт: ФЕНОМЕНАЛЕН РЕЦЕПТ ЗА СОЛЕНА ТОРТА-САЛАТА КОЈА МОЖЕТЕ ДА ЈА НАПРАВИТЕ ЗА 30 МИНУТИ. Потребни состојки: 6 јајца, 9 лажици брашно, 1 прашок за печиво, 400 мл јогурт, 200 мл масло, 1 лажичка сол.
За фил: 250 г мајонез, 300 г павлака, 300 г урда, 250 г шунка, 2 варени јајца, 50 г сирење по ваш избор. Подготовка: Измешајте ги сите состојки за бисквитот и испечете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути (може да треба и повеќе, во зависност од рерната).
По печењето, пресечете го бисквитот на половина за да добиете два бисквита. Измешајте ги состојките за филот: мајонез, павлака, урда и додајте ја ренданата шунка и варено, изрендано јајце, па добро соединете се.
Ставете ја едната кора на плех и премачкајте ја со филот, но оставете си малку фил настрана да се премачка врз другата кора која што се става одозгора. На крајот, изрендајте го сирењето врз тортата.