Фото и рецепт: Љубомир Мариќ – сок од шипки.
Овој сок се приготвува без термичка обработка и сите витамини се задржани, особено витаминот Ц кој ни е најпотребен за отпорноста на организмот. Берењето на шипките можеби е напорно, но верувајте, многу се исплати. Со овој сок ќе добиете челичен имунитет.
Потребни состојки:
1,3 кг зрели шипки отворени од двете страни
2 кг шеќер/интегрален
4 литри провриена и изладена вода
1 стаклена тегла од 6 литри
Постапка:
Во теглата редете ред шеќер, па ред шипки, и сè така до половина тегла, не повеќе. Потоа долијте вода до почетокот на грлото и поклопете со тацна. Оставете така да отстои 15 дена.
За тоа време сите шипки ќе испливаат горе. Кога ќе го процедите низ газа ќе добиете густ и силен сируп кој е потребно да се разблажи.
Исцедените шипки повторно ставете ги во теглата со нов шеќер и вода, исто како и првиот пат. Кога и овој процес ќе заврши, постапката можете да повторите само уште еднаш, третпат. После тоа ќе бидат искористени сите витамини од плодот и треба да се фрли, бидејќи ќе нема веќе вредност.
Посебната вредност на овој сок е тоа што го правиме токму во време кога ни е најпотребен, во двата месеци кои се полни со настинки и вирози.
Фото и рецепт: Љубомир Мариќ