Сокот од боровинка е можеби и најпознатото природно средство за анемија и за општо подобриување на крвната слика.
Поради тоа, на лицата со слаба крвна слика им се препорачува да го пијат во неограничени количини. Боровинките содржат богатство од минерални материи и витамини. Кога овие минерали се внесуваат во организмот во вид на течност, тие многу побрзо се апсорбираат во нашиот крвоток, така што сокот од боровинка има речиси инстант дејство врз нашата крвна слика.
Сокот од боровинки покрај своите поволни дејства врз крвотокот има и други корисни својства. Се покажал како одличен за испирање на грлото, како и за лекување на воспалена уста и ждрело. Доколку сокот од боровинка го користиме без вештачки и непотребни додатоци, тој е многу корисен и за зајакнување на видот како и за целокупната здравствена состојба на нашите очи.