Високиот крвен притисок може да биде предизвикан од премногу солена храна, од пушење и употреба на преголеми количини алкохол, од пореметување на кардиоваскуларниот систем, како и од отсуство на физичка активност.
Дополнителен ризик фактор се неправилната исхрана и индустриските преработки кои содржат високи количества на скриена сол.
Затоа лекарите честопати напоменуваат и потсетуваат дека не смее да се преминува границата од 6 г сол дневно, а тоа е една рамна мала лажичка сол.
Врз спуштањето на високиот крвен притисок може да се влијае со внимателен избор на намирници. Се препорачува морков, кој во 100 грамови содржи 2.8 г хранливи влакна, важни за добро варење и 320 мг калиум.
За хипертензија, се препорачува двапати дневно да пиете сок од морков – можете сами да си го направите на следниот начин:
Земете еден морков со средна величина, измијте го под млаз ладна вода, а потоа исчистете го. Исечкајте го на парчиња и ставете го во блендер со малку вода. Измиксајте го додека да се добие каша.
За подобрување на вкусот може да додадете малку мед, неколку листови нане и слично, но вкусен е и сам по себе без никакви додатоци.
Студиите покажале исто така, дека за буткање на притисокот е доба е сокот од калинка – потребно е да пиете 150 мл сок, двапати дневно, барем две седмици.